1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лидерска средба во Скопје без Али Ахмети

31 октомври 2007

*

Во Скопје се одржува средба на лидерите на најголемите политички партии во Македонија , на која одново се прави обид да се постигне консензус околу донесувањето на законот за јавно обвинителство и усвојувањето на новиот собраниски деловник. На средбата учествуваат премиерот Никола Груевски и лидерите на СДСМ и на ДПА , Радмила Шекеринска и Мендух Тачи а не присуствува претседателот на ДУИ Али Ахмети. Неговата партија во писмо до премиерот изразила незадоволство од тоа што на денешната агенда не се ставени нејзините барања за дебата за новите законски решенија за употреба на албанскиот јазик и заштита на правата на екс-припаниците на ОНА. На денешната лидерска сердба би можело да стане збор и за политичко-правните последици од одлуката на Уставниот суд со кој се поништуваат некои одредби од законот за употребата на знамињата на етничките заедници.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми