1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лидер меѓу сиромашните соседи

Ивица Петровиќ
30 септември 2017

Ако се слушаат официјалните соопштенија на властите, може да се помисли дека Србија е економски тигар на Балканот. Можеби е така- во пропагандните памфлети на власта. Но економската реалност е далеку посурова.

Serbien Kragujevac Fiat Fabrik
Фотографија: picture-alliance/Fotogramma/Maule

Зад наслагите маркетинг и популистички пароли како никогаш досега не било подобро и како ни е „едноставно срам колку добро ни оди“, се крие отрезнувачката вистина за реалната состојба на српските трговија и економија. Проценките зборуваат декаочекуваниот раст на српскиот Брутодомашен производ (БДП) за 2017 година е околу 2,5 проценти и оти е тоа налош раст на БДП во регионот. Објавени се и графикони кои покажуваат дека Србија има најлош раст на БДП во регионот од 1 јануари 2014 до 1 јануари 2017 година, од само 1,66 отсто. На пример, за време на истиот период, растот на БДП во Хрватска изнесува 4,2 насто, во Босна и Херцеговина 6,79, во Албанија, 8,02, на Косово 9,16 насто. Регионална економска сила во моментов е Романија, која во истиот период има најголем раст на БДП од 12,26 отсто.

Инвестициите ја заобиколуваат Србија

Економските аналитичари веќе забележаа оти единствена област која во Србија бележи солидни резултати е растот на извозот, но дека Србија во тоа е подобра само од БиХ, Македонија и Црна Гора. Кога ќе се погледне малку посериозната конкуренција, која до пред неколку години ѝ гледаше на Србија во грбот, е видливо колку Србија со своите 7,5 милијарди евра е скромен извозник во однос на Бугарија со 12,8 милијарди евра, или на пример Унгарија со 50,5 милијарди евра.

Слична е ситуацијата и со БДП по глава на жител, каде Србија е повторно лидер меѓу сиромашните соседи БиХ, Македонија и Црна Гора, со 5.000 евра. БДП по глава на жител во Хрватска изнесува 16.000 евра, во Унгарија 14.000 и во Бугарија 6.500 евра по глава на жител.

Анализите покажуваат оти причината за нискиот раст на БДП пред сѐ лежи во ниското ниво на инвестиции. Властите- или поточно сегашниот претседател на Србија, Александар Вучиќ- очигледно сметаат дека инвеститорите ќе ги привлечат со слаткоречиви слогани и розови обланди, но инвеститорите се чини дека имаат други параметри за да го проценат ризикот за инвестициите. Притоа делува речиси опсесивна мантрата внатре во власта околу позицијата на Србија на Дуинг бизнис листата на Светска банка, која навистина покажува напредок на Србија на таа листа, на која во моментов се наоѓа на 47 место.

Мијат Лакиќевиќ, заменик главен и одговорен уредник на неделникот „Нов магазин“, меѓутоа, вели дека „оваа листа пред сѐ се базира на економски параметри, кои се важни, но постојат и некои други параметри кои можат да бидат клучни за привлекување инвестиции- а инвестициите се најголем проблемна Србија. Инвестициите сега изнесуваат околу 18 насто од БДП, а за висок раст кој ѝ е неопходен на Србија е потребно инвестициите да бидат 25 отсто од БДП. За тоа ниво на инвестиции  мора да се имате уреден не само економско-правен систем, туку и политички амбиент.

Морате да се има нормални односи во општеството за да се има високи инвестиции. А во Србија почитувањето на личните права е никакво, правосудството функционира лошо, политичката атмосфера е лоша, несигурноста е голема, младите ја напуштаат земјата... Сите овие работи не ги опфаќа Дуинг бизнис листата“, вели Лакиќевиќ, кој напоменува дека овој севкупен амбиент далеку подобро се рефлектира на листата на Светскиот економски форум на кој Србија се на наоѓа на 90 место.

Разорени институции = лоша економија

Професорката на Економскиот факултет во Белград, Даница Поповиќ, вели дека причината за малиот раст на БДП е пред сѐ од внатрешна природа и во тој смисол, исто така, обрнува внимание на целосно разорените институции: „Вие немате правосудство, немате ни еден систем кој функционира, бидејќи сѐ држат политичките функционери. Зошто правосудството е толку важно? Затоа што морам да знам како да управувам со мојата сопственост, дали е моја, можам ли да ја продадам. И потоа читате дека познатиот кошаркарски тренер Душан Ивковиќ не може да го легализира станот откако се занимава со политика. Постои некоја власт над власта, сѐ се работи зад затворени врати, и во таква атмосфера поголем економски раст и не може да се очекува.“

Од друга страна, властите навистина се фалат со стабилни јавни финансии, што според зборовите на Даница Петровиќ навистина е точно, и на тоа треба да им се честита. „На некој начин сега ова е во контрадикција со она што веќе го кажав, но стабилизирањето на јавните финансии е само една од работите која морате да ја направите. Втора работа се реформите“, вели Поповиќ. „Ако не направите амбиент и ако за сѐ одлучува само еден човек- тука нема напредок. Тоа е како да сте подготвиле сала за операција, сѐ е подготвено, но да се откажете од операцијата. И тогаш се прашувате зошто не ми е подобро. Не ти е подобро зашто се откажа од операцијата.“ Основна последица на тоа е нискиот стандард на граѓаните на Србија, предупредува Мијат Лакиќевиќ.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми