Проценките се дека станува збор за околу 700 тони опасен отпад и околу 900 тони контаминирана почва. Целата постапка се очекува да трае една година.
Реклама
Министерството за животна средина и просторно планирање започна со расчистување на теренот околу малата депонија со линдан во кругот на фабриката „Охис“. Се поставува опрема и механизација, како и челични буриња и контејнери кои ќе се користат за складирање и транспорт на опасниот линдан и на контаминираната земја. Планот е линданот да се транспортира до пристаништето во Солун од каде ќе биде префрлен во Франција. Контамираната земја, пак, ќе биде извадена и транспортирана во Холандија. Проценките се дека станува збор за околу 700 тони опасен отпад и околу 900 тони контаминирана почва.
Ресорниот мининистер, Насер Нуредини, најави дека на чистењето на опасниот отпад ќе се работи една година.
Најопасната депонија во С. Македонија
Најопасната депонија во С. Македонија
Фотографија: DW
Најтоксична депонија
Депонијата со линдан во кругот на поранешната фабрика „Охис“ (Органско Хемиска Индустрија Скопје) е рангирана како најопасна во Северна Македонија, според токсичноста на отпадот. Оваа супстанција е забранета за употреба во повеќе од 50 земји.
Фотографија: DW
Преку почвата и водата до нас
Линданот е токсична супстанција која предизвикува заболувања на црниот дроб и крвта, како и оштетувања на нервниот, кардиоваскуларниот, имунолошкиот и репродуктивниот систем. Оваа супстанција се акумулира во живите организми и предизвикува повеќе видови канцер.
Фотографија: DW
„Од каде се производите?”
Граѓаните често им го поставуваат ова прашање на пазарџиите, загрижени за своето здравје. Некој знае за загадувањето на почвата и водата, друг само потчул нешто. Затоа на пазарите неретко стојат натписи над стоката што се продава на кои е напишано името на местото или регионот од каде што потекнува, како на оваа фотографија.
Фотографија: DW
Недостиг на искуство и технологија
Регионот околу депонијата во Охис ќе „оздрави“ кога ќе биде отстранет отровниот линдан. Македонските власти најавија дека за чистење на депонијата ќе биде избрана странска компанија, поради недостиг на искуство и технологија во земјата. До крајот на 2019. треба да биде објавен меѓународен конкурс на организацијата на ОН - УНИДО за избор на фирма за отстранување на линданот од малата депонија.
Фотографија: DW
Загризи, без грижа?
Конзумирањето храна без главоболки околу нејзиното потекло во скопскиот регион нема да биде можно во догледно време. Според проф. Трајче Стафилов од Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, најбезбедното решение е да се спакува целиот материјал, иако е над 30 илјади тони, и да се транспортира во некоја од западните земји, каде има фабрики за уништување на таков вид отпад.
Фотографија: DW
5 фотографии1 | 5
„Со овој проект ја потврдивме нашата решеност да ги елиминираме жешките точки во земјава. Во изминатиот период беа безбедно отстранети и уништени огромни количини на екстремно опасни хемикалии што со децении беа складирани во кругот на ‘Охис’, а денес присуствуваме на почетокот на чистење и на линданот, како историски проблем на чие што решавање посветивме многу внимание и енергија“, вели Нуредини.
Чистењето ќе го врши грчката компанија „Полиеко“ од каде велат дека во моментот се одвиваат последните подготовки за расчистување на токсичните супстанци. Според нив, процесот на изведување ќе се спроведува согласно највисоките стандарди за заштита на животната средина. Откако првично ќе се отстрани горниот слој на земја од депонијата, ќе се копа на длабочина од метар и седумдесет сантиметри, до каде се очекува да се стигне до бетонските базени каде е закопан линданот. Ќе се испита до каде е загадена почвата и ќе се чисти сè додека не се стигне до неконтаминирана зона.