„Лицемерен нарцист“: Книгата на внуката на Трамп - бестселер
ЖА / агенции
17 јули 2020
Книгата на Мери Трамп, во која го разоткрива американскиот претседател Доналд Трамп, е продадена веќе во еден милион примероци. Содржината не е многу поволна за Трамп.
Реклама
„Не можам да дозволам да ја уништи мојата земја", изјави Мери Трамп за својот славен чичко Доналд и своите сомнежи ги стави на хартија. Книгата носи многузначен наслов: „Too Much and Never Enough: How My Family Created the World's Most Dangerous Man", во превод: „Премногу и никогаш доволно: како мојата фамилија го создаде најопасниот човек во светот".
Уште при самото појавување на пазарот, по книгата посегнале речиси еден милион читатели. Во бројката на 950.000 продадени примероци се слеани и претплатите, како и дигиталните и аудиоверзии, соопшти издавачот Симон&Шустер.
Мерки Трамп го опишува својот чичко како лицемерен и бездушен нарцист. Доналд Трамп ги исполнува сите критериуми за поимот нарцист, пишува неговата внука. Уште во колеџ, му платил некому за да му ги напише тестовите за да може да се запише на Бизнис школата на Универзитетот Вортон во Пнесилванија.
Трамп користи лаги зашто неговото его е толку кршливо што мора постојано да се засилува, зашто длабоко во себе, тој знае дека не е ништо од она што го тврди, пишува Мери Трамп. Од нејзин аспект, нејзиниот чичко е на ниво на развој на тригодишно дете кое знае дека никогаш не било сакано. На 240 страници дипломираниот психолог Мери Трамп опширно ја разоткрива комплицираната фамилијарна историја на Трампови.
Неуспешен обид за забрана на книгата
Мери Трамп е ќерка на Фред Трамп, пстариот брат на претседателот, починат во 1981 година на возраст од 42 години како последица на алхохолизам. Другиот брат на претседателот, Роберт, се обиде да го запре појавувањето на книгата со правни средства, но не успеа да издејствува забрана во последна минута. Неговата жалба се темелеше на фактот што книгата крши договорна клаузула во врска со тестаментот на дедото на Мери Трамп, односно таткото на претседателот. И Доналд Трамп смета дека објавувањето на мемоарите на неговата внука е противправно. Но, судот оцени дека доверлив е само финансискиот аспект на тестаментот.
Карикатури за Трамп: Кога смеата е единствена утеха
Карикатуристи од целиот свет реагираат на победата на Трамп
Фотографија: L. Gäbel
Сексуален напад
Карикатурата на хамбуршкиот уметник Ленарт Гебел го обиколи светот за кратко време. Една агенција од Лос Анџелес поажа интерес за печатење на неговото дело на маици. Уметникот е среќен поради успехот и е сигурен дека и во иднина Трамп „ќе си дозволи“ одредени работи кои ќе послужат како мотив за него и останатите колеги од целиот свет.
Фотографија: L. Gäbel
Фризура број еден
Косата на следниот претседател на САД беше инспирација за многу шеги. Пред неколку месеци во јавноста излезе видео на кое е прикажана „фармата на Трамп“ за перики. Всушност, стануваше збор за поле со сено во Норвешка. Косата на Трамп исто така добро стои и на кокпитот на претседателскиот авион.
Фотографија: Twitter/@Knightcartoons
Африканска перспектива
„Имајќи ја предвид омразата на Доналд Трамп кон црнците ќе ја напуштиме земјата. Тој може да прави што сака со неа“ вели оваа карикатура од Абдулкарим Баба Амину, познат културен критичар, новинар и илустратор од Нигерија.
Фотографија: DW/Abdulkareem Baba Aminu
Дамата Слобода чука на вратата на Канада
Во паника и со загрижен поглед во очите, „Дамата Слобода“ чука на вратата на соседот - Канада. Карикатуристот Угрек ја црташе симбиличната фигура во многу различни анти Трамп карикатури.
Фотографија: Twitter/@ygreck
Без религиски бариери
Карикатуристот Гадо е еден од најпознатите илустратори во Африка. Тој во својата карикатура се осврнува на едно од ветувањата на Трамп во предизборната кампања кое гласеше: „Ветувам дека ќе го зачувам христијанството“. На карикатурата е прикажано како тој распнува муслиман на крст.
Секој може да биде претседател
Белгискиот артист Лектр креираше многу различни карикатури за Трамп. Оваа покажува дека за 8 години, идејата дека „Секој може да биде претседател“ се смени од оптимистичка мисла во причина за очај кај многумина.
Фотографија: Twitter/@lectrr
Агресивни графити
Погрдно претставување на Трамп веќе може да се забележи во Барселона. Шпанија, исто така, беше шокирана од неочекувааниот успех на републиканскиот кандидат „Невидената популарност и избирањето на њујоршкиот магнат ја остави половина планета без зборови“, напиша колумнист за шпанскиот весник Еј Пај.
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Lago
Куп од измет
Куп од измет околу кој кружат муви. На овој начин уличниот уметник Хенски го доживеа претседателскиот кандидат Донaлд Трамп уште пред да биде номиниран од републиканците. „Портретот“ од август 2015 година беше исцртан на ѕид од еден познат трговски центар во Њујорк.
Фотографија: picture-alliance/abaca/Van Tine Dennis