1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Логото за независноста мета на критики

ДТЗ
15 јули 2021

Јавноста бурно реагираше на изгледот на логото за 30-годишнината од независноста на државата. На едни им наликува на регистарска табличка, на други на баркод. Се споделуваат редизајни на социјалните мрежи.

Symbolbild Mazedonien Mazedonische Flagge QUER
Фотографија: MIA

30 години од Македонија – да, 30 години од Северна – па не баш. Ова се дел од коментарите во јавноста која бурно реагираше на изгледот на логото под кое ќе се оддржуваат настаните со кои ќе се одбележи 30-годишнината од независноста на државата. На вчерашната презентација, владиниот портпарол Душко Арсовски во однос на логото кажа дека на традиционалната црвена основа се обединети симболите со кои се потенцира 30-годишнината од независноста – Сонцето, уставното име, меѓународниот код „МК“ и бројката „30“. Ова логото ќе биде присутно на сите јавни настани на државните институции во претстојниот период и на настаните кои се дел од избраните проекти со кои беа поддржани Агенциите за организирање на настани преку помошта предвидена со петтиот пакет антикризни економски мерки. 

Но, на социјалните мрежи врие од реакции. За дел од графичките дизајнери логото повеќе изгледа како „назив на фудбалски клуб во Финска“ или регистарска табличка. На други пак, им изгледа како идеално за баркод на фискална сметка или флип. Тие отидоа дотаму што го „редизајнираа“ логото, а своите идеи ги објавија на Твитер. 

Откако вчера беше презентирано во јавноста, беа посочени неколку спорни моменти во изгледот на логото – дизајнот имплицира дека се 12 краци, а не 8 колку што има на знамето, но и за тоа што не е употребено уставното име на земјата – Република Северна Македонија, туку само Северна Македонија. Исто така, се реагира и на тоа дека логото всушност прави историски фалсификат – се чини дека се одбележува 30 години од името Северна, а не 30 години од независноста. 

„Владиното лого за 30 години независност на Републиката треба да се исфрли, три фатални грешки има во логото“, вели за сдк.мк Соња Абаџиева, историчарка на уметност.„Елементарни непознавања, за ликовниот аспект не сакам ниту да зборувам. Голема дезинформација, зарем не гледате дека е пола знаме, каде е Републиката? Знаат ли да сметаат, 30 години ли сме Северна?“, вели Абаџиева. 

По реакциите во јавноста, Владата на Твитер напиша дека логото за „30 години независнот“ е составено од повеќе елементи, меѓу кои и сонцето. „Логото не го содржи државното знаме. Сонцето кое е употребено во логото е различно од сонцето од државното знаме. Користењето на државното знаме е уредено со Закон!“, пишува на официјалниот Твитер профил на Владата. 

Владата смета дека знамето на Република Северна Македонија има специфична државна вредност и истото не треба да се става во логоа за прослави. Тоа треба да се користи издвоено, засебно, чисто, со јасно истакнување на настани и исклучиво онака како што е пропишано во законот. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми