1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Локални избори во десет покраини

ЕМФ/дв25 мај 2014

Паралелно со одржувањето на европските избори, во Германија, во десет покраини, во тек се и локални избори. На изборите својот глас можат да го дадат близу 40 милиони избирачи.

Фотографија: Reuters/Kai Pfaffenbach

Граѓаните во покраините Северна Рајна Вестфалија, Баден Виртемберг, Рајнланд Пфалц, Хамбург, Брандебург, Саксонија Анхалт, Саксонија, Тирингија, Мекленбург Предна Померанија и Саарланд, денеска (25.05) одлучуваат за тоа кој ќе ги води на локално ниво. На изборите се повикани околу 39 милиони луѓе со право на глас.

Денеска се гласа за општински и градски совети, совети на ниво на региони, а во многу места се избираат и градоначалници. Локалните избори во покраините Саксонија, Тирингија и Бранденбург важат како прв тест на расположението на избирачите пред одржувањето на покраинските избори во август и септември. Резултатите во најголем број случаи ќе бидат познати утре, со оглед на тоа што прво ќе се пребројуваат гласовите дадени на европските избори, кои течат паралалено.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми