1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Локални избори со меѓународно значење

ЖА/дв/миа/афп/ртре30 март 2014

Граѓаните во Турција денеска гласаат на комуналните избори, чиј исход меѓутоа може да предизвика политички земјотрес. Денешното изјаснување е судбоносно за иднината на премиерот Ердоган.

Фотографија: AFP/Getty Images

Вкупно 52.695.831 граѓани на Турција денеска ќе гласаат на повеќе од 177.000 избирачки места за претставници на локалната власт.

Гласачките места се се отворени од седум до 16 часот во источните делови на земјата, а во западна Турција гласањето ќе трае до 17 часот. Првичните резултати од локалните избори се очекуваат во текот на вечерта.

Денешните локални избори се еден вид референдум за Партијата на правдата и развојот на премиерот Реџеп Таип Ердоган, која е на власт од 2002 година. Според истражувањата на јавното мислење, партијата на премиерот Ердоган има шанси за победа и покрај скандалите од последните месеци и протестите од летото, но не се исклучени изненадувања и успех на главната опозициска сила, Републиканско Народна партија.

Заради локалните избори за еден ден е одложено воведувањето на летното време. Тоа ќе почне да се смета од полноќ на 30 март. На 31 март ќе нема настава во училиштата.

Ердоган и покрај тоа што беше зарипнат, вчера зборуваше на предизборни митинзи каде повторно ги обвини ѓуленистите и опозицијата за обид за соборување на Владата и за дестабилизација на земјата. Лидерот на опозициската Републиканско Народна партија Кемал Калачдароглу ги обвини Владата и Ердоган за провоцирање тензии во земјата и во Сирија

Гласањето на локалните избори се оценува за тест не само за владејачката партија, туку и за самиот турски премиер. Од тоа гласање ќе се определи и сликата за претстојните претседателски избори, што ќе се одржат во август, на кои за првпат шефот на државата ќе се избира директно од народот.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми