1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

„Локдаунот“ во Германија нема алтернатива - и ќе потрае

14 декември 2020

Германија по втор пат ги затега уздите. Тоа е исправно со оглед на драматично растечкиот број на заразени лица и смртни случаи. А, може да дојде и полошо, смета Марсел Фирстенау.

Deutschland Lockdown Coronavirus - Sachsen
Фотографија: Sebastian Kahnert/dpa/picture alliance

Канцеларката Меркел ја потцени опасноста од корона. Кон крајот на септември медиумски се дебатираше дека таа на онлајн конференција на нејзината партија предупредувала оти дневно ќе има над 19 илјади заразени до Божиќ. Многумина сметаа дека тоа е претерано алармирање. Денес и критичарите и Меркел би биле пресреќни прогнозата да се покажеше претерана.

За жал се случи спротивното. Институтот Роберт Кох во изминатава недела регистрира и по 30 илјади позитивни на ден. А, тоа што и најтврдокорните ублажувачи на пандемијата би требало да ги натера да размислат и да се уплашат е бројот на смртни случаи: кон средината на ноември беа 12 илјади лица, сега (13.13.2020) се веќе 22.000 лица кои во Германија починале како последица на корона.

Речиси удвојување за само еден месец! Кој не разбрал какво време е дојдено, на тој му нема помош. 

Доволно е да се ѕирне” во болниците

Со оглед на драматичниот развој, новиот карантин кој го усвоија сојузните власти во соработка со покраинските, е апсолутно исправна одлука. Кој има различен став треба да му го каже в лице на пожртвуваниот персонал од болниците, старечките домови и тимовите за домашна посета кои се борат за секој еден живот. И да појасни зошто не било сѐ толку страшно. 

Марсел Фирстенау, автор на коментаротФотографија: DW

Ситуацијата во која се наоѓа Германија во борбата со коронавирусот бара солидарност од сите. И емпатија за директно и индиректно погодените. Нема место за „солење памет”, терање правдина и безобѕирност. Нешто како утеха и сигурност може да се најде во сега постоечкото широко единство во однос на потезите од политички одговорните. 

Тоа во изминатите недели и месеци за жал ретко се случуваше.

Да се извлече поука од грешките

Сега не е време за поткусурување кој, кога згрешил или постапил исправно. Најважно е да се извлече поука од грешките во минатото. Профилирање на сметка на други е недозволиво. Од граѓаните на Германија се очекуваше многу, и сѐ уште се очекува многу. И покрај се, според анкетите, подготвеноста за жртвување е сѐ уште голема.

Повеќе на темата:

Коронавирус: Тивки ноќи во Германија за празниците

Германија ја надмина границата од еден милион корона-инфицирани

Германија го продолжува и го заострува „локдаунот“

Коронавирус: Меркел бара построги мерки во Германија

Би било мудро политичарите да го наградат здравиот разум кај поголемиот дел од мнозинството со транспарентност и искреност. Тоа вклучува и навремено да им се заблагодарат на луѓето за искажаното разбирање за рестриктивните мерки кои продолжуваат да се заоструваат. Очекувањата дека ситуацијата ќе се подобри до 10 јануари, до кога ќе трае карантинот, се чини се нереално оптимистични.

Многу нешта укажуваат дека овој оптимизам ќе се претвори во разочарување. Зимите во Германија траат до март, а вакцинацијата не е ни започната. Делумниот карантин кој беше воведен од почетокот на ноември не ги даде очекуваните резултати. Тоа е горката реалност. Оттука заострен карантин кој беше договорен во неделата беше неизбежен. Веројатно напролет ќе можеме да се свртиме наназад и да кажеме дека германските лидери донеле исправна одлука на 13 декември 2020. Тоа би било идеално, но никој не може а и не мора да биде сигурен во тоа сега.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми