1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Лондон: Џулијан Асанж нема да биде екстрадиран во САД

ЖА / агенции
4 јануари 2021

Суд во Лондон го одби барањето на американското правосудство за испорачување на основачот на Викиликс. Во случај на осуда, на Асанж во САД му се закануваа до 175 години затвор. Но, правната битка продолжува.

Julian Assange
Фотографија: Victoria Jones/PA Wire/picture alliance

Судијка од лондонски суд ја образложи одлуката против екстрадиција на Асанж со неговата психичка состојба и затворските услови кои го очекуваат во САД. Доколку таму биде правосилно осуден, на Асанж му се заканува изрекување затворска казна до 175 години, може да се очекува поради изолациониот затвор тој да си го одземе животот, образложи судијката.

Американското правосудство има подигнато обвинение против Асанж, по потекло од Австралија, дека заедно со „свиркачката“ Челзи Менинг, тогаш Бредли Менинг, украле и објавиле доверливи материјали за американските мисии во Ирак и Авганистан. Со тоа, 49-годишниот Асанж го довел во опасност животот на американски информанти, гласи обвинението.

Поддржувачите на Асанж пак во него гледаат истражувачки новинар кој изведе на светлина воени злосторства.

Повеќе на темата:

Џулијан Асанж - и славен и оцрнуван

САД против Џулијан Асанж

Лекарски апел: Запрете го мачењето на Асанж

Правниот процес во Велика Британија со денешната судска одлука не е завршен, зашто постои право на жалба против неа. По уште една натамошна инстанца, случајот може да се најде пред Врховниот суд на Велика Британија и крајно пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Славје на поддржувачите на Асанж по пресудата во ЛондонФотографија: Henry Nicholls/REUTERS

Активисти за човекови права, политичари и организации како Репортери без граници предупредуваат дека Асанж во САД нема на има фер процес. Основачот на Викиликс веќе еднаипол година се наоѓа во исклучително добро чуваниот затвор Белмарш во Лондон.

Во услови на пандемија на коронавирус Асанж има ограничувања на посетите, но и на телефонските разговори. Семејството на Џулијан Асанж веќе подолго време е загрижено за неговата психичка и физичка здравствена состојба.

[No title]

02:11

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми