1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Луиз Арбур нов ОН-комесар за човекови права

22 февруари 2004


Канадскиот правник, Луиз Арбур е наименувана за нов Висок комесар за човекови права. Решението на генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, беше обелоденето во седиштето на ОН во Њујорк. Арбур, инаку прв обвинител на судот за човекови права на ОН за поранешна Југославија и Руанда, доаѓа на местото на Серџо Виеира де Мело, кој во август минатата година загина во нападот врз претставништвото на ОН во Багдад. Германската влада ја поздрави одлуката за именување на Арбур на новата функција. Министерот за надворешни работи, Јошка Фишер, изјави дека генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, направил мошне добар избор.

Фунцијата Висок комесар на ОН за човекови права е релативно нова. 57 годишната Канаѓанка е само четврт носител на оваа функција. Сепак, и кусата историја на Високиот комесаријат во Женева, покажува колку е тешка работата со која ќе се зафати Арбур. Тоа случајот на Мери Робинсон го покажува исклучително јасно. Таа беше на функцијата до 2002 година и ја загуби поддршката на важни земји, како САД или Кина, зашто не сакаше да се стесни од критики на сметка на кого било. Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, не ја предложи Робинсон и за втор мандат и покрај тоа што во светот важеше како борец за човекови права со извонредно име, и Робинсон мораше да замине.

Нејзиниот наследник немаше шанса за поставување нови акценти. Само девет месеци по стапувањето на должност, Серџи Виеира де Мело загина во крвавиот напад врз претставништвото на ОН во Багдад. Од него потекнува реченицата: "Како Висок комесар за човекови права стапнувам на минско поле".

Утешно е што Арбур прецизно ја простудирала историјата на своите претходници и што важи како реална и стручна личност, која добро размислува за чекорите што треба да ги преземе и лично веќе добро ги истражила длабочините и плиткоста на меѓународната политика за човекови и граѓански права. Пред се' преку функцијата Главен обвинител на судот за воени злосторства во Ден Хаг, од 1996 до 1999 година, функција која покажува дека Арбур има храброст, зашто покрена обвинение против српскиот претседател Милошевиќ. Тоа, ситната жена, ја направи позната во светот. На сопствено барање, од функцијата замина во 1999 година и се врати во татковината - Канада. Стана судија во највисокиот суд во земјата, место од кое Арбур очигледно се разделува тешко. Таа, наводно, од генералниот секретар на ОН, добила понуда за функцијата во Женева уште ноември. Досегашната историја на Високиот комесаријат, не и' ја направи одлуката лесна.
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми