Луиз Глик - добитничка на Нобеловата награда за литература
СН/агенции
8 октомври 2020
Својата одлука, годинешната награда да и’ ја додели на американската поетеса, што беше изненадување за многу експерти, Шведската академија во Стокхолм ја образложи со „непогрешливиот поетски глас“ на Луиз Глик.
Реклама
Луиз Глик е 16-та жена која освои Нобеловата награда, како и прва американска државјанка која ја освои престижната книжевна награда во последните 27 години, откако Тони Морисон ја доби наградата во 1993 година.
Годинешната добитничка на Нобеловата награда за литература ја краси „непогрешлив поетски глас кој со строга убавина го прави индивидуалното постоење универзално“, соопшти во образложението Шведската академија за литература.
Глик е родена 1943 година во Њујорк, во семејство на унгарски Евреи кои емигрирале во Америка, а денес живее во Кембриџ, Масачусетс. Покрај што се занимава со пишување, таа е и професор по англиски јазик на Универзитетот Јеил. Луиз Глик дебитираше на поетската сцена во 1968 година со „Прво раѓање“ и набрзо беше прогласена за една од најистакнатите поети во американската современа книжевност.
Врачување на наградите во услови на пандемија
Има објавено 12 збирки песни и неколку томови есеи за поезија. Во една од најфалените збирки на годинешната лауреатка, „Див ирис“ (1992), таа го опишува чудесното враќање на животот по зимата во песната „Кокиче“.
Нејзините дела ги одликува стремеж кон јаснотија. Детството и семејниот живот, блиските односи со родителите и браќата и сестрите, се тема која кај неа остана централна. Шведската академија за книжевност истакна и дека таа „го бара универзалното и во тој процес црпи инспирација од митовите и од класичните мотиви, кои се присутни во поголемиот број од нејзините дела“.
„Аверно“ (2006) е мајсторска збирка, визионерско интерпретирање на митот за симнувањето на Персефона во пеколот, во заробеништво на Хад, богот на смртта, велат од Академијата.
Нобеловата награда за литература е дотирана со десет милиони шведски круни (околу 950 000 евра). Официјално ќе биде врачена во Стокхолм на 10 декември, годишнината од смртта на Алфред Нобел. Поради пандемијата на коронавирусот, наградите на годинешните лауреати ќе им бидат доделени во нивните матични земји- во шведските амбасади или во универзитетите во кои работат.
Години на скандали
Нобеловата награда за книжевност за 2018 година ја доби полската авторка Олга Токарчук „за наративната имагинација која со енциклопедиска страст го претставува преминувањето на границите како облик на живот“, додека Нобеловата награда за книжевност за 2019 година беше доделена на австрискиот писател Петер Хандке „за влијателното дело кое со јазичка генијалност ја истражува периферијата и спецификите на човечкото искуство“.
Нобелова награда за литература - не одеше секогаш „подмачкано“
Годинава, поради скандали со корупција и сексуални напади, Нобелова награда за литература нема да се доделува. Но и порано имаше проблеми и контроверзи во врска со ова најважно книжевно признание.
Фотографија: picture alliance/dpa/V.Bucci
Закани по живот: Салман Ружди
Романот на Ружди, „Сатански стихови“ (1988), иранскиот врховен верски поглавар, го сметаше за богохулство, па објави „фатва“, награда за главата на писателот. Ружди со години потоа мораше да се крие. Шведската академија тогаш не зазеде став, па двајца членови на жирито си дадоа оставки. Дури 27 години подоцна, Академијата ги осуди заканите.
Фотографија: Getty Images for Christian Dior Couture/N. Hunt
Доцно признание за „првенецот“ на Томас Ман
Кога Томас Ман ја доби наградата во 1929. година, тоа не беше за неговиот тогаш од печат излезен роман „Волшебен брег“, туку за неговиот дебитантски роман, „Буденброкови“, во тоа време стар 30 години. Жирито романот „Волшебен брег“ го сметал за „развлечен и флегматичен“.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Bifab
Не е литература, но сепак се силни зборови - Винстон Черчил
Британскиот премиер Винстон Черчил всушност бил кандидат за Нобелова награда за мир, двапати бил на листата. Во 1953. тој ја доби наградата, но - за литература. Жирито ја фалеше неговата историска и биографска книга за Втората светска војна поради „реторичката уметност со која ги бранел човековите права.“
Фотографија: picture-alliance/AP-Photo
Не смееше да ја прими наградата: Борис Пастернак
Советскиот автор, светски познат по неговиот роман „Доктор Живаго“, беше одликуван во 1958. Но, неговата влада му се закани со прогон ако ја прими наградата. Пастернак попушти, а Здружението на писатели го исклучи од своите редови. Сепак, Пастернак остана во Советскиот Сојуз. Неговиот син во 1989. година во Стокхолм го прими Нобеловиот медал на својот татко.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Tass
Ги сакал само парите: Жан-Пол Сартр
Во 1964. година Нобеловата награда требаше да ја прими францускиот драматург и филозоф Жан-Пол Сартр. Неочекувано, тој го одби признанието („Секоја награда создава зависност“.) Се зборува дека години подоцна, одоколу се распрашувал дали сепак не може да ги добие парите - 273.000 шведски круни. Но, ова е веројатно само измислена анегдота.
Фотографија: picture alliance/AP Images
„Тоа не е литература“: Дарио Фо
Тој е само „забавен уличен циркузант, а не автор од светска класа“, критикуваше револтираната литературна елита кога во 1997. година беше одликуван италијанскиот драматург Дарио Фо. Како сатиричар, тој возврати во свој стил. На својот говор во Шведската академија тој му даде наслов „ Против отворените улични циркузанти“ и свеченото доделување на наградата го претвори во сатирично шоу.
Фотографија: Vittorio Zunino Celotto/Getty Images
Премногу луѓе: Елфриде Јелинек
Австриската писателка Елфриде Јелинек не сакаше да присуствува на доделувањето на наградите, кога беше одликувана во 2004. година. Образложение: има страв од голема публика и ненадејната популарност. „Психички не сум во состојба лично да се соочам со ова,“ порача Јелинек, а жирито тоа мораше да го прифати. Сепак, Јелинек одржа говор, преку видео-порака.
Фотографија: Imago/Leemage/S. Bassouls
Не сакаше да зборува: Боб Дилан
Боб Дилан е прв музичар кој доби Нобелова награда за литература, во 2016. година. Музичкиот свет го славеше поради тоа. Но, Дилан се дистанцираше и се чинеше незаинтересиран за своето високо признание. Тој го откажа учеството на свеченото врачување и не испрати ни свој говор. Во март 2017. година сепак отиде накратко во Стокхолм и си го зеде својот медал.
Шведската академија, која ја доделува оваа престижна награда, во 2018 година не ја додели Нобеловата награда за книжевност, поради скандалот кој изби кога Жан-Клод Арно, сопруг на членката на Академијата - Катарина Фростенсон, беше осуден на 2 години поради сексуален напад. Поради целокупната ситуација наградата и’ беше доделена ретроактивно на Олга Токарчук во текот на 2019 година.
Две години по ред доделувањето на оваа награда беше проследено со скандали, па така и изборот на добитникот на наградата за 2019 година беше проследен со бурни реакции.
Имено, веднаш штом се дозна дека Хандке го доби ова највисоко литературно признание, многу медиуми и јавни личности распалија со критики кон Академијата, кои траеја со месеци. Без да ги негираат литературните квалитети на Хандке, нивното главно обвинување беше дека Хандке не е достоен за Нобеловата награда поради неговиот однос кон Србија во контекст на војните во поранешна Југославија.
Инспиративни жени во науката
Многу жени претставуваат голема инспирација за младите научници, мажи и жени. Тие стојат позади големи откритија, често иако во нивните научни полиња владее сексизмот.
Марија Кири, родена во Варшава во 1903 година, е првата жена која што освоила Нобелова награда и е првата личност што освоила две такви награди. Во 1903 година, заедно со нејзиниот сопруг Пјер и физичарот Анри Бекерел освои Нобелова награда за истражување на радијацијата. Во 1911 година, Марија Кири повторно ја освои престижната награда за хемија за откривањето на радиумот и полониумот.
Фотографија: picture alliance/United Archiv
Раздвојување на двојната спирала
Розалинд Френклин никогаш не освои Нобелова награда, иако многумина веруваат дека заслужува. Френклин работела како рентгенски кристалограф и нејзините истражувања беа основа за откритието на Вотсон и Крик за двојната спирала на човековата ДНК, за која беа наградени со Нобелова награда за медицина.
Фотографија: picture-alliance/HIP
Insight into insulin
Британската биохемичарка Дороти Хоџкин разви кристалографски техники за истражување на структурите на биомолекулите и освои Нобелова награда за хемија во 1964 година и со тоа стана третата жена која освоила ваква награда. Пет години по добивањето на наградата Хоџкин беше првиот научник кој ја дешифрираше структурата на инсулинот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Leemage
Клеточна фонтана на младоста?
Елизабет Блекбурн ја освои Нобеловата награда за медицина во 2009 година за нејзиното истражување на теломерите. Блекбурн е еден од научниците кои го открија ензимот теломераза, кој овозможува регенерирање на теломерите. Теломерите се одговорни за клеточната делба, односно влијаат на процесот на стареење, а исто така можат да се користат во истражувањето на ракот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S.Merrell
Фрлање светлина на животот на шимпанзите
Џејн Гудал се смета за водечки експерт за шимпанза поради нејзиното децениско истражување на нивните социјални и семејни интеракции во Танзанија. Таа често ги именува животните со кои работи поради што се соочи со критика за антропоморфизација.