1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Лукашенко ја затвори границата со Украина

ЕМФ | агенции
2 јули 2021

Белорускиот претседател Александер Лукашенко ја затвори границата со Украина и тврди дека е спречен обид за преврат зад кој, како што тврди, стоеле повеќе земји.

Belarus Regierung l Belarussischer Präsident Lukaschenko
Фотографија: Sergei Shelega/BelTA/AP/dpa/picture alliance

Белоруските власти наводно откриле „терористички ќелии на спијачи“ кои биле поврзани со неколку држави. „Денеска  се разбиени терористички ќелии на спијачи“, ја пренесува кабинетот на белорускиот властодржец Александер Лукашенко неговата изјава. Според тврдењата на Лукашенко, терористичките ќелии имале наводно врска со Германија, Украина, САД, Полска и Литванија. Целта на ќелиите, како што се тврди, била „да ја симнат со насилство“ владата во Минск.

Лукашенко смета дека луѓе кои биле вклучени во заговор против власта во Белорусија биле снабдувани со оружје од Украина. „Големо количество оружје доаѓа од Украина во Белорусија. Затоа на граничарите им наредив да ја затворат целосно границата со Украина“, го цитира Лукашенко белоруската државна агенција БелТа.

Повеќе:

Санкции против Белорусија: Притисокот врз Минск се зголемува

Германија ги осудува принудните „фалби“ на Протасевич за Лукашенко

САД го казнуваат Лукашенко, Путин му дава поддршка

Лукашенко – уште еден силеџија пред портите на Европа

Портпарол на украинското Министерство за надворешни работи изјави дека Украина не била информирана од страна на Белорусија по официјален пат во врска со затворањето на границата.

Лукашенко, кој е на власт веќе 27 години, повеќепати го има обвинувано Западот дека сака да ја „дестабилизира“ Белорусија со цел да дојде до промена на власта. Односите помеѓу Белорусија и Западот од контроверзните претседателски избори во август минатата година и насилството употребено против белоруската опозиција, се исклучително тензични.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми