1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лукашенко демантира, Украина јавува упад на белоруски трупи

ЖА / агенции
1 март 2022

Белорусија се смета за поддржувач на Русија во украинската војна, досега пасивен. Но, според парламентот во Киев, белоруски трупи навлегле на територија на соседот. Белорускиот претседател категорично демантира.

Militärübungen in Belarus Union Courage-2022
Фотографија: Russian Defense Ministry/AP/picture alliance

Белорусија, според наводи на украинскиот парламент, е вклучена во борбените дејства. Војници од северниот сосед, тврди Украина на официјалниот Твитер канал на парламентот, навлегле во регионот Чернихив, а за продирачки марш на белоруските трупи известуваат и украинските медиуми.

И едните и другите се потпираат на изјавите на портпаролот на украинските северни одбранбени сили, Витали Кирилов, според кого кај трупите се гледаат јасно белоруски ознаки. 

Солидарност со Украина ширум светот

01:41

This browser does not support the video element.

Уште одамна постојат гласини за учество на белоруските сили  во војната во Украина, но белорускиот диктатор Александер Лукашенко тоа постојано го демантира, што го направи и денеска. Истовремено, изјави дека испратил дополнителни трупи за обезбедување на белоруско-украинската граница, но заради „спречување на провокации и воени дејства против Украина“. Регионалниот главен град Чернихив во северна Украина се наоѓа на само сто километри северно од Киев и околу 50 километри од границата со Белорусија. На белоруска страна таму се наоѓа градот Гомел, каде вчера руска и украинска делегација имаа прва преговарачка средба во обид за постигнување мир.

Александер Лукашенко за време на неодамнешните воени маневри со Русија во БелорусијаФотографија: Alexander Zemlianichenko/dpa/AP/picture alliance

Според украински наводи, Русија го користи белорускиот аеродром кај  Гомел за стационирање свои трупи.

Русија во четвртокот започна во инвазија врз Украина, но  офанзивата , според бројни аналитичари, брзо беше успорена. Украинските сили тврдат дека одбиле бројни напади на руската војска кај  Киев,  а борби од поголеми димензии се водат на периферијатана градот, кај аеродромот Антонов.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми