Луфтханза од утре повторно „приземјена“
3 септември 2012![](https://static.dw.com/image/16213932_800.webp)
Реклама
Синдикатот на кабинскиот персонал на германската авиокомпанија Луфтханза најави дека ќе го прошири штрајкот, кој започна минатата недела, на повеќе локации и со подолго времетраење. Во петокот (31.08) се штрајкуваше само на аеродромот во Франкфурт, но поради протестот беа откажани стотина летови, а илјадници патници мораа да бараат алтернативи. Луфтханза веќе ги предупреди патниците да очекуваат масовни одложувања и откажување на летови.
Синдикатот и раководството на авиокомпанијата преговараат веќе 13 месеци за покачување на платите на кабинскиот персонал. Синдикатот бара 5 проценти, а Луфтханза нуди 3,5 процентно зголемување.