Веќе речиси осум години саудискиот блогер Раиф Бадави е во затвор. Во декември стапи во нов штрајк со глад. Луѓето во Саудиска Арабија стануваат сѐ похрабри, вели за ДВ, неговата сопруга Енсар Хајдар
Реклама
Пишувањето го доведе до суд: откако во повеќе текстови ја критикуваше улогата на религијата во Саудиска Арабија, Раиф Бадави во 2013 година беше осуден на смрт. А потоа казната за младиот блогер беше преиначена на десет години затвор, 1000 удари со камшик и парична казна. Бадави пишуваше критички за вахабизмот, државна религија на Кралството, како и за моќта на верските старешини. Судот го нарече тоа „навредување на исламот“.
Пред 5 години, во јануари 2015 година, мораше да истрпи 50 удари со камшик. Продолжението на камшикувањето е одложено за понатаму. „Раиф е од нас одделен веќе 8 години“, вели во интервју за ДВ неговата сопруга Енсаф Хајдар која живее во егзил во Канада. „Ни' недостаува и на мене и на децата. Деновиве му е роденден. Тоа секогаш е тежок ден за нас. И покрај тоа, веруваме дека со срцето е близу до нас. Тоа ни' помага“. Хајдар додава оти и натаму се надева дека нејзиниот сопруг наскоро ќе му се придружи на семејството.Минатата година Бадави ја доби наградата „Гинтер Валраф“ за новинарска критика. Наградата во јуни, во отсуство на Бадави, ја прими неговата сопруга. Таа, инаку, и сама ја основаше наградата „Раиф Бадави“ која се доделува на новинарите кои пишуваат за повредите на човековите права во исламскиот свет.
Штрајк со глад против самоволието во правниот систем
Минатата година, Бадави на 11 декември започна штрајк со глад. Во тоа време се наоѓаше во самица, вели Енсаф Хајдар. Последниот пат со него можела да телефонира само една минута. Тоа што и натаму има сила да се бори за својот сопруг, вели Хајдар, е заслугата и солидарноста која постојано ја искажува во медиумите. Сето тоа охрабрува, вели таа,. Во едно соопштение издадено во почетокот на јануари и организацијата за човекови права Амнести интернешнал побара Бадави да биде веднаш и безусловно пуштен на слобода.
Состојбата на човековите права во Саудиска Арабија не се подобри. Граѓанските права во дел се зајакнати. Така сега жените смеат да возат автомобил и да одат во странство без согласност од еден машки роднина. Но, репресијата над бранителите на човековите и граѓанските права во последните години се засили, како што пренесува организацијата за човекови права „Хјуманс рајтс воч“ (ХВР).
Ситуацијата влошена со Мохамед бин Салман
Според извештаите на „Хјуманс Рајтс Воч“, состојбата на човекови права од јуни 2017 година кога за престолонаследник е прогласен принцот Мохамед бин Салман - е влошена. Апсењето на мирољубиви критичари или активисти на човекови права и пред неговото именување беше вообичаено. „Она по што бранот апсења по 2017 година е поинаков се големиот број лица погодени со тие мерки и нови репресивни методи кои ги немаше за време на поранешното саудиско раководство“, пишува ХРВ. И покрај репресијата, протестите во Саудиска Арабија се зголемија, вели Енсаф Хајдар. „Многу луѓе, кога станува збор за прашањето за човековите права или за жените, станаа похрабри и поактивни.“ И таа упати барање до владата да им овозможи на граѓаните поголеми права.Така, делувањето на Бадави сепак можеби не беше залудно. Но, токму поради тоа на неговата сопруга ѝ е уште потешко да ја разбере казната. „Сѐ што бараше Раиф - поголеми права за жените, отворање на кина и на театри - сега е реалност. Но, тој е во затвор. Тоа не можам да го разберам.“
Апсени, мачени, убивани
Поради тоа што ја работат својата работа, новинарите се на мета на влади, нарко банди или екстремисти. По повод светскиот ден на Слободата на медиумите потсетуваме на дел од нив, од Мексико преку Македонија до Бангладеш
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/A.Naveed
Турција: Дениз Јуџел
Германско-турскиот новинар Дениз Јуџел од февруари 2017 година е во затвор во Турција. Обвинет е за ширење терористичка пропаганда и бунт. Докази за тоа не се доставени. И покрај острите критики од Германија, турскиот претседател Ердоган најави дека Јуџел нема да биде ослободен. Повеќе од 140 новинари се уапсени во земјата по неуспешниот пуч минатата година.
Фотографија: picture-alliance/dpa/C.Merey
Русија: Николај Андрушченко
Непознато лице го претепа Андрушченко на улица во Санкт Петербург. На 19 април годинава, 73 годишникот им подлегна на повредите. Андрушченко пишуваше за кршење на човековите права и криминал. Во неговиот последен документарец говореше за тоа дека Владимир Путин на власт дошол благодарение на врските со криминалците и КГБ.
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Usov
Бангладеш: Авијит Рој
„Мукто- Мона“, „слободен дух“, така се викаше блогот на критичарот на Исламот Авијит Рој. За себе говореше дека е „секуларен хуманист“ поради што го предизвика бесот на исламистичките екстремисти во Бангладеш. Рој живееше во САД. Кога во февруари 2015 дојде на саем на книги во Дака, фанатици го расекоа со мачети. Блогерите се постојана мета на екстремистите во Бангладеш.
Фотографија: Getty Images/AFP/M. U. Zaman
Мексико: Мирослава Брич
На 23 март 2017, Мирослава Брич беше убиена со осум истрели во глава од платен убиец. Новинарката известуваше за корупција и злосторства на нарко-картелите. Убиецот оставил порака „За предавничката“. Брич е трета новинарка убиена во Мексико во март годинава.
Тој важеше за единствениот политички затвореник во Југоисточна Европа: Кежаровски се најде во неволја затоа што објави делови од интерен полициски извештај работејќи на расветлувањето на смртта на еден друг новинар.Во октомври 2013 година, по сомнителен судски процес, осуден е на четири и пол години затвор. Подоцна е осуден на две години куќен притвор, за што во моментов пишува книга.
Фотографија: DW/K. Blazevska
Ирак: Шифа Гарди
Репортерката Гарди загина на 25 февруари на боиштето во северен Ирак при експлозија на мина. Родената Ирачанка работеше за курдската новинска агенција Рудав во Ербил и известуваше за борбите меѓу ирачките сили и Исламската држава. Во околината на Мосул, терористите на ткн. Исламска држава постојано киднапираат, протеруваат и убиваат новинари.
Фотографија: picture alliance/dpa/AA/F. Ferec
Саудиска Арабија: Раиф Бадави
Саудискиот активист беше осуден на десет години затвор и 1.000 удари со камшик. Бадави е во затвор од 2012 година поради „навредување на Исламот“. Во јануари 2015 за првпат беше јавно камшикуван. Во светот беше покрената кампања за негово ослободување, а режимот ја суспендираше казната. Неговата сопруга Енсаф Хајдар и децата добија азил во Канада.
Фотографија: Imago/C. Ditsch
Узбекистан: Салијон Абдурахманов
Од 2008. година Абдурахманов е во затвор, поради наводно поседување дрога. Владата на критичарите им подметнува дрога за да ги замолчи, тврдат од организацијата Репортери без граници. Гревот на Абдурахманов е што за независни портали и за Гласот на Америка пишуваше за корупцијата, човековите права и заштита на животната средина.
Кина: Гао Ју
Новинари, блогери и активисти кои го критикуваат режимот, во Кина се под голем притисок. Така и поранешната соработничка на Дојче Веле беше уапсена во 2014 година. Поради наводно објавување на државни тајни во 2015 беше осудена на седум години затвор. Благодарение на меѓународниот притисок пуштена е од затвор и казната ја издржува во домашен притвор.
Фотографија: DW
Азербејџан: Мехман Хусеинов
Тој објавува политички интернет магазин во кој пишува за корупција и кршење на човековите права. Мехмед Хусеинов е еден од најпопуларните видео блогери во Азербејџан. Со кампањата „Лов на корумпирани функционери“ обвинува високи функционери на Азербејџан за корупција. Повеќе пати е изложуван на закани, а во март 2017 е осуден на две години затвор поради клевета.