1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Магичната формула на Атина е - „Gorna Makedonija"

Јанис Пападимитриу
22 март 2018

Грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас доаѓа во Македонија. Во багажот би можел да носи компромисно решение за долгогодишниот спор меѓу Атина и Скопје.

Griechenland Proteste in Thessaloniki Namensstreit Mazedonien
Фотографија: Reuters/A. Avramidis

„Горна Македонија” е наводно  магичното решение кое треба да го разреши спорот кој 27 години постои меѓу Атина и Скопје.  Грчката страна тоа наводно го сигнализирала уште при последната рунда преговори со посредство на ОН во јануари годинава. Грчките медиуми јавуваат дека министерот Коѕијас при денешната посета во Скопје наводно ќе се залага за ова компромисно решение. Новата формула се вика „Горна Македонија” – но, грчката страна не сака ова име име да се преведува. А зошто па да не. „И тоа е знак за нерационално размислување коешто е речиси типично за нашата перцепција на спорот за името низ изминатите години,” се жали Спирос Данелис, пратеник од Социјално либералната партија То Потами во разговор за ДВ. Политичарот кој важи за умерен вели дека не го разбира таквиот начин на размислување. Од друга страна: „Ако компромисното решение Горна Македонија навистина го  прифатат двете страни и придонесе да се реши спорот за името, тогаш тоа секако треба да се спроведе.”

Дали Македонија бездруго ќе го прифати ова име е под знак прашалник. Дури и да се согласи спорот за името со тоа нема да биде автоматски решен, смета Јоргос Цогопулос, доцент за меѓународни односи на универзитетот во Тракија. Уште поважно од преговарачки успех под посредство на ОН е прашањето дали соседната држава своето име ќе го запише и во Уставот, вели Цогопулос. Уставот би требало да биде сменет во насока на тоа да се исклучат евентуални територијални претензии кон Грција. „Јас не верувам дека Скопје е навистина подготвено да си го смени Уставот, така што воопшто не можам да го споделам оптимизмот на владините политичари во Атина,” вели Цогопулос. 

Фотографија: Colourbox

Закани против министерот за надворешни работи

Од грчка гледна точка постојат историски причини за стравот дека Македонија еден ден би можела да покаже претензии за истоимената северно-грчка провинција и нејзиниот главен град Солун. Од тие причини Атина не ја признава соседната држава под уставното име Република Македонија, туку само под привремената референца ФИРОМ. Од 1991 година се бара решение во спорот за името. Долг период Атина се противеше на било каква употреба на поимот Македонија во името на соседната држава. Во меѓувреме на политичко ниво се сигнализира подготвеност на компромис, но таа не секогаш се поклопува со јавното мислење. Во изминатите месеци стотици илјади Грци протестираа во Атина и Солун против политиката на попустливотст на нивната влада во спорот за името. Во најнова анкета на телевизијата Алфа, 60% од испитаниците се изјаснија против употребата на поимот Македонија во името на земјата. Но, и покрај тоа 67% посакуваат преговорите да продолжат. „Дека би можело да се постигне компромисно решение без поимот Македонија не е реално, но тоа на повеќето луѓе во Грција воопшто не им е јасно”, вели Цогопулос.

Повеќе: 

Димитров и Коѕијас ќе го топат мразот пред средбата во Виена

Павлопулос исцрта нови „црвени линии“ во спорот за името

Заев за Дер Шпигел: име без превод е неприфатливо

Честопати приказната не се задржува само на протести. На почетоко на февруари грчкиот министер за надворешни работи доби писмо со закана во кое е нагласено дека „има три куршуми” подготвени за него и неговото семејство. И пратеникот Данелис добива закани откако јавно се заложи за компромисно решение во спорот за името. Постојано го нарекуваат „предавник” и му се закануваат со судски тужби. Меѓу нив има и сатирични писма со закани за кои Данелис смета дека се повеќе опасни отколку вицкасти. „Со патриотски шовинизам очигледно може да се направи кариера па дури и да се заработат пари,” вели тој. Според него е важно умерените политичари да го искористат моментот и да се заложат за разумно решение. Неговиот заклучок: „Ако и македонскиот премиер Зоран Заев може да спроведе компромис во неговата земја, што секако не е едноставно, тогаш спорот би се решил уште пред летово.“

Никола Димитров и Никос КоѕијасФотографија: Reuters/C. Baltas

Коѕијас треба да ја уреди работата

Според портпаролот на грчката влада Димитрис Цанакопулос, министерот Коѕијас има комплетен пакет со компромис „во согласност со цврстите преговарачки позиции на грчката влада” и денеска (23.03) во Скопје сака да разговара токму за овој предлог. Грчките медиуми јавуваат дека и другата страна има свои предлози за решение на спорот. Најдоцна на 30 март Метју Нимиц ќе закаже нова рунда преговори во Виена. Во секој случај првиот човек на грчката дипломатија се покажа невообичаено опптимистички расположен и притоа се повика на најголемиот Македонец на сите времиња: „Александар Велики ни покажа како се сече Гордиевиот јазол.”

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми