1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Магна“ го презема „Опел“, владата плаќа

31 мај 2009

Комисијата за буџет во Бундестагот денеска расправа за државната помош за „Опел“, тешко погоден од финансиската криза. Опозициските партии бараат детални информации за државниот кредит, тежок 1.5 милијарди евра.

Опел подготвен да ги добие државните средстваФотографија: picture-alliance/ dpa / Fotomontage: DW

Германската влада го поддржува концептот на „Магна“ за санација на концернот „Опел“. Ова го соопшти министерот за финансии Пер Штајнбрик, вчера изутрина по разговорите во Берлин. Во текот на кризниот самит, гераманската влада преговараше со „Магна“, концернот мајка на „Опел“, „Џенерал моторс“ и американското министерство за финансии.

Министерот за финансии, Пер ШтајнбрикФотографија: AP

Министерот Штајнбрик истакна дека одлуката не била донесена лесно. Државата презема голем ризик. Одлуката се базира врз ветувањата и претставувањата на плановите на инвеститорите.

„Џенерал моторс“ согласен со понудата

Претходно концернот-сопственик на „Опел“, „Џенерал моторс“ во основа се согласи со понудата на „Магна“ за преземање на „Опел“. Спогодбата меѓу „Магна“ и „Џенерал моторс“ беше предусолов, германската влада да го одобри моделот на доверител за „Опел“ - „Опел“ сега треба да биде продаден на тело од доверители, се’ додека не се постигне конечен договор. На овој начин „Опел“ ќе биде заштитен во случај на инсолвентност на „Џенерал моторс“.

Министерот за стопанство, Карл Теодор цу Гутенберг рече дека ја поддржува одлуката на владата, но дека до последнен момент бил за решение за планско спроведување на инсолвентност.

Германските фабрики ќе продолжат со работа

Шефот на „Магна“, Франк СтронахФотографија: AP

Четирите германски фабрики на „Опел“ во Риселсхајм, Бохум, Кајзерслаутерн и Ајзенах ќе продолжат со работа, но сепак ќе има и отпуштања. Засега не се познати конкретни бројки.

„Магна“ во иднина би требало да има 20 проценти удел во „Опел“ и заедно со руската „Сбербанк“ (35 проценти) да го преземе мнозинскиот удел во германскиот концерн. „Џенерал моторс“ ќе остане сопственик на 35 проценти од „Опел“. Десет проценти ќе им бидат доделени на вработените во „Опел“.

Според плановите, предвидена е продажба на повеќе од еден милион автомобили, пред се’ во Русија и на пазарите во Источна Европа.

Автор: АТ/ТТ/дв

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми