1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За еден месец не се крпат македонско-бугарските односи

27 мај 2021

Единствената придобивка од блокадата, е што во Северна Македонија ќе бидат сѐ помалку оние што се убедени дека ништо не зависи од Бугарија. Сѐ друго е загуба, вели бугарскиот историчар Стефан Дечев.

Mazedonien, Skopje | Präsidenten Stevo Pendarovski (Mazedonien) und Rumen Radev (Bulgarien)
Фотографија: Kabinett des Präsidenten von Nord-Mazedonien

Не мислам дека до јуни има некаква шанса да се стигне до пробив во односите помеѓу Бугарија и Северна Македонија, а до декември оптимизмот ми е исто така умерен, вели во интервју за бугарскиот портал „Медиапул", бугарскиот историчар Стефан Дечев.

Тој е автор е на бројни студии од областа на современата бугарска историја и историографија, предава на Југозападниот универзитет во Благоевград и на Универзитетот во Софија, и често се осврнува на прашањата кои ги отповаруваат македонско-бугарските односи.

Повеќе: „Погрешно е мислењето дека целата вистина е на бугарска страна“

Според него, иако властите во Скопје се надеваат дека ќе ги почнат преговорите со ЕУ во рамките на португалското претседателство со Советот на ЕУ, во моментов ништо не е придвижено во дијалогот меѓу двете земји. Дечев не верува дека за 3-4 седмици може да се помират бугарското „Македонија е бугарска“ со македонското „Немаме ништо заедничко“.

Смета дека возможен бугарски чекор „е покатегорично признавање на денешните македонски јазик и идентитет".

„Многу луѓе ќе ви кажат дека тие и сега се признати. Но, начинот на којшто тоа се прави од Софија создава впечаток за признавање на две историски недоразбирања, а не легитимни историски продукти. Но и веднаш да додадам - Скопје понекогаш тврди дека тоа е доволно, но некои изјави одвреме-навреме го создаваат впечатокот дека и тоа нема да биде задоволувачко“, вели Дечев.

Стефан ДечевФотографија: privat

Што се однесува до јавноста, смета дека Бугарите треба да решат дали е толкав проблем што има соседна држава, блиска, најблиска, но со свои специфики, со различно историско искуство, со друг, многу близок, но поразличен јазик и друга верзија на историјата.

„Што се однесува до историчарите, треба да имаме разбирање или барем да се потсетиме дека на први јануари 2007 година Бугарија влезе во ЕУ со популарната божидардимитровска историја (Божидар Димитров, бугарски историчар - н.з) , и никој тогаш не правел инвентаризација на бугарскиот историски расказ и учебници. Ете зошто е некако навистина арогантно, пред едно посамокритично гледање на сопственото раскажување на историјата, да настојуваш од исти позиции за промени во друго раскажување", укажува Дечев.

Повеќе:

Пендаровски од Рим порача дека е реалист и умерен оптимист за решавање на спорот со Бугарија

Нов оптимизам во македонско-бугарскиот спор

Рот: Договорот од Берлин е основата на португалскиот предлог

Во разговорот тој одговара и на прашањето што добива, а што губи Бугарија од ветото кон Северна Македонија.

Оценува дека единствената придобивка за Бугарија од блокадата на патот на Скопје кон ЕУ, е што во Северна Македонија ќе бидат сѐ помалку оние, кои изгледа искрено, но погрешно се убедени, дека како и да е, од Бугарија ништо не зависи.

„Се плашам, дека оттука натаму сѐ друго за Бугарија се загуби“, оценува тој.

Притоа, укажува дека некои од барањата на Софија се навистина апсурдни, но смета дека од македонска страна може да се почне дијалог за неапсурдните.

Оценува дека македонскиот премиер Зоран Заев е искрен за две нешта: бара пат за својата земја кон ЕУ и сака искрено пријателство со Бугарија. Но, укажува дека  македонските политичари треба да се ослободат од еден стеротип, останат од југословенско време, дека од Бугарија не зависи ништо и таа може да биде притисната: претходно ја слушала Москва, а сега ќе ги слуша Вашингтон, Брисел, Берлин и Париз.

„Заедно со тоа како да има едно целно создавање на лажно чувство дека бугарското вето едноставно е предизборно. Однесувањето на премиерот Заев остава впечаток дека тој го гледа процесот на разговори како положување цвеќе на споменици, вклучително и на места каде што тоа не е неопходно, во комбинација со целосно формална работа на заедничката историска комисија“, вели Дечев.

За да се реши спорот меѓу двете земји, смета дека ќе бидат потребни две години и околу 10 средби (пет годишно), но ако тоа е навистина дебата меѓу експерти историчари, како и претставници на социјалните и хуманитарни науки, кои ќе ја постават научната етика над политиката и национализмот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми