1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија во ќорсокак

Е.М. Фиданоска /бц/нцц18 јануари 2016

Договор за термин за избори во Македонија не е постигнат. Планот на ЕУ кој требаше да ја изведе Македонија од криза е под знак прашалник, оценува денеска печатот на германски јазик.

Јоханес Хан си замина од Скопје без да биде постигнат договор за избориФотографија: MIA

Само еден ден по оставката на премиерот Никола Груевски која требаше да овозможи нови избори во Македонија, посредувањето на ЕУ во оваа балканска земја е повторно во ќорсокак, констатира весникот „Берлинер цајтунг“, набројувајќи ги настаните на политичката сцена од последните денови и преговорите во Пржино кои не донесоа договор за избори. Во текстот на Норберт Мапес-Нидик под наслов „Македонија во ќорсокак“ натаму се вели:

„ЕУ во јули посредуваше за постигнување договор кој требаше да спречи натамошна ескалација на политичката криза во Македонија и да донесе излез од ситуацијата. Пред одржувањето на предвремени избори во април Владата требаше да исполни повеќе услови. Меѓутоа, премиерот Груевски, кој со својата клика владее во земјата, овие услови ги исполни само про форма: Специјално обвинителство, кое треба да ги истражи корупцијата и криминалот на власта, беше оформено, но прво немаше соработници. Министри од редовите на опозицијата се поставени, но управата со која доминира владејачката партија ги кастри систематски. Комисија која требаше да обезбеди слобода на медиумите до денес нема.“

Осврнувајќи се на политичката криза во Македонија, весникот „Ноје цирхер цајтунг“, пак, денеска во текстот со наслов „Македонија назад во модус на криза“, меѓу другото пишува:

„Груевски ја обвинува опозицијата дека ги бојкотира изборите поради страв од пораз. Тој ја води земјата од 2006 година и во овој период изгради систем во кој државните институции и медиумите се под доминација на волјата и средствата на владејачките партии. Оваа форма на 'управувана демокатија' се етаблираше во најголемиот дел од земјите на Западен Балкан, што е видливо од предолгите циклуси на владеење на владејачките партии. Стравот на макеодонската опозиција од нов изборен пораз е сосема оправдан, а уште една победа на Груевски не би зборувала многу во прилог на демократската легитимност на неговата власт. Неуспешната мисија на Хан, меѓутоа, покажува и дека на Балканот исчезнува авторитетот на ЕУ. Тоа помалку се должи на состојбите во Унијата кои не се добри, а повеќе на фактот дека папса динамиката на проширувањето на ЕУ.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми