Македонија гради нова стратегија
7 април 2008Реклама
Македонскиот премиер Груевски од денеска започнува серија средби со лидерите на најголемите политички партии во земјата. Премиерот ќе ги информира лидерите на ДУИ, ДПА и СДСМ за учеството на македонската делегација на самитот на НАТО во Букурешт и за средбата на Јадранската група во Загреб. По грчкото вето за членство на Македонија во НАТО, сега ќе се гради нова стратегија. Експертите се против радикални чекори како што е прекин на грчко македонските преговорите за името.