1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија да гледа напред

Александар Чомовски 21 април 2008

Генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер денеска во Скопје изрази оптимизам дека ќе се најде решение за спорот со името. Шефер има и разбирање за разочарувањето во земјата по самитот во Букурешт.

Генералниот секретар на НАТО ШеферФотографија: AP

„Имате можност до 1 јули да најдете решение за името. Гледањето назад не е од помош.“ Оваа јавна порака генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер ја упатил во билатерлните средби со претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски.

Можете да направите две работи: „Да гледате назад со лутина и чувство на незадоволство, и да гледате напред.“ кажа во Скопје Шефер по средбата со министерот за надворешни работи на Македонија Антонио Милошоски.

Шефот на НАТО сепак имаше и оптимистичка порака до властите во Скопје. Сакам на 9 јули кога Албанија и Хрватска ќе го потпишат протоколот за НАТО, на масата да се најде и тој за вашата земја, порача првиот човек на Алијансата, вешто избегнувајќи ја како референцата ФИРОМ така и уставното име.

НАТО функционира на основа на консензус, а тоа во Букурешт не беше можно да се постигне. Затоа не најдовме решение за приемот на Македонија заедно со Албанија и со Хрватска.

Македонија не тргува со името

Шефер во Скопје го дочекаа неколку реакции, прво од шефот на македонската дипломатија, Македонија не тргува со името, ние сме и ќе останеме Македонци и тоа не зависи од грчките пари. Оваа денешна реакција на шефот на дипломатијата на Македонија следува откако неговата грчка колешка вчера изјави дека Атина ќе му даде економска помош од 75 милиони евра на Скопје доколу властите попуштат во спорот со името. Лесно и е на Грција да се фали со туѓи европски фондови, и возврати Милошоски на Бакојани.

Во Скопје нема и официјална покана од медијаторот Метју Нимиц за нова средба за амбасадорите прговарачи. Со овие реакции беше дочекан шефот на НАТО.

Бизнисот да не биде заложник на политиката

Но освен политичките се заладуваат и македонско - грчките деловни односи. Блокади за извоз на македонското јагне, нови тарифни оптоварувања за македонските превозници преку солунското пристаниште. Затоа и претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески побара од неговиот грчки колега преку писмо, бизнисот да не биде заложник на политиката.

Во амбиент на блокади и можни реваншизами спаѓа и откажувањето на пакетот аранжмани од Македонија за Грција за време на Велигденските празници.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми