1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија да продолжи да оди кон ЕУ и НАТО

12 мај 2009

Политички Берлин го поздрави стапувањето на должност на новиот опретседател Ѓорге Иванов, со желби земјата што поскоро да стане дел од ЕУ.

Валтер Колбо очекува натамошно јакнење на билатералните односи меѓу двете земјиФотографија: picture-alliance/ dpa

Валтер Колбо, парламентарец во Бундестагот од редовите на СПД за Дојче Веле изјави::

„Како претседател на германско-македонското друштво и како член на Бундестагот на новиот претседател му испратив писмо во кое ја изразувам надежта дека и натаму ќе продолжат и зајакнат добрите билатерални односи со Германија и мултилатералните односи на Македонија со земјите од Европската унија, а со цел Македонија наскоро да стане членка на ЕУ. Изразив и надеж дека и натаму ќе има напредок на меѓуетничките осноси во Македонија и дека ќе има прогрес околу олеснувањето на визниот режим и спорот со Грција околу името“ го коментира социјалдемократот Валтер Колбо стапувањето на должност на македонскиот претседател Ѓорге Иванов, со кого ќе има и лична средба наредната недела, при посетата на Македонија и Албанија.

Европарламентарката од редовите на Зелените, Ангелика Беер, рече:

Ангелика Беер

„Прво, на новиот претседател честитки за преземање на должноста. Европа и Германија имаат големи очекувања од претседателот и владата во однос на натамошниот развој. Европскиот парламент сигурно дека ќе го поддржи натамошниот пат во Европската унија. Во нашата резолуција баравме пристапните преговори за членство на Македонија да започнат уште оваа година. Се надевам ова значи дека и конфликтните прашања, кои денес се актуелни, ќе бидат разрешени. Имајки го предвид проблемот со името Претседателот сигурно ќе се вклучи во решавањето на спорот со Грција и ќе се обиде со поддршка на ОН да изнајде решение. Сега е веќе извесно дека токму тој е претседателот во чиј мандат ќе дојде до либерализација на визниот режим, што се секако добри знаци за чекор напред кон Европа“ изјави европарламентарката од партијата на германските Зелени, Ангелика Беер.

Рајнер Штинер

Германскиот пратеник од редовите на либералите, Рајнер Штинер, за Дојче веле рече:

„Очекувам и верувам дека претседателот консеквентно ќе го продолжи патот на Македонија кон Европската унија и НАТО. Сметам дека тој знае што е неопходно да направи за да се остварат овие чекори. Инаку, јас ја поддржувам Македонија во обидите да се изнајде име кое одговара на националниот идентитеа и се надевам дека овој проблем може да се реши“ оценува Рајнер Штинер.

Автор: Силвера Падори

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми