1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија: Две години од Диво насеље

БГ
9 мај 2017

Смртоносните борби во Куманово ја доведоа политичката криза во Македонија до точка на вриење. Опасноста- судирите во Куманово да испровоцираат меѓуетнички конфликт беше надмината благодарение на смиреноста на граѓаните

Bildergalerie Kumanovo Kämpfe Nachklapp
Фотографија: picture-alliance/epa/V. Xhemaj

Осум полицајци- припадници на специјалната единица „Тигар“ и 14 осомничени терористи ги загубија животите во крвавата дводневна битка. Десетици беа приведени од полицијата. Владата објави дводневна жалост. Судирите започнаа во саботата наутро на 9 мај, откако полицијата наводно се обидела да изврши рација во населбата. Врз полицајците бил отворен оган од автоматско оружје и од ракетни фрлачи. Полицијата тврдеше дека напаѓачите имале свои поддржувачи во градот. 

Ден по крвавите судири во кумановската населба Диво насеље, жителите најдоа разурнати домови. Многу објекти беа оштетени, а првично, речиси илјада граѓани беа привремено евакуирани. 

Иако во судирите многумина препознаа обид да се разгорат етничките страсти и да се предизвика конфликт меѓу двете најголеми заедници во земјата, граѓаните се спротивставија на ваквото сценарио. Сведоци на тоа време останаа изјавите на бројни кумановски граѓани кои прегрнати говореа во прилог на соживотот. 

Судирите се случија неполни четири месеци откако лидерот на опозицијата Зоран Заев започна со објавување на ткн. бомби- снимки од прислушкувани разговори чиј автор, наводно, била тајната полиција. 

До денес нема прецизен одговор на прашањето: што се случи во Куманово? Опозицијата обвинуваше дека нападот бил обид да се дефокусира вниманието на јавноста од „бомбите“ и од масовните протести во Скопје. Владата ги обвини „терористите“ од соседно Косово дека сакаат да ја дестабилизираат земјата. Меѓународните претставници во повеќе наврати бараа од владата независна истрага- барање што беше постојано одбивано. 

Само два дена по крвавата пресметка тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и директорот на УБК, Сашо Мијалков поднесоа оставки на функциите. Со нив замина и министерот за транспорт Миле Јанакиески. Сите тројца важеа за дел од најблискиот круг соработници на тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Шпекулациите за причините за нивните оставки кружат до денес. 

Судската постапка за крвопролевањето во Диво насеље се уште е во тек. Обвинети се 29 лица за тероризам. Сите тврдат дека се невини и дека станува збор за политички монтиран процес.Обвинителството повика околу 40 заштитени сведоци, додека и одбраната тврди дека има сведоци кои ќе ја потврдат нивната приказна. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми