Македонија е подготвена да ги преземе хашките случаи
31 јануари 2008![](https://static.dw.com/image/1838320_800.webp)
Реклама
Претставници на семејствата на киднапираните вчера беа примени од спикерот на Парламентот Љубиша Георгивски од кога побараа за ова нивно барање за симнување на имунитетот да се свика Комисија за мандатно - имунитетнтни и деловнички прашања. Претседателот на Парламентот, според претставниците, наводно им ветил дека барањето ќе го постави на разгледување пред Комисијата за мандатно - имунитетни и деловнички прашања.
Досието на киднапираните Македонци, како еден од четирите Хашки предмети, наводно треба прво да се врати од Хаг во Македонија, уште во февруари.
Државниот обвинител Љупчо Шврговски и министерот за правда Михајло Маневски пред една недела соопштија дека Македонија е подготвена да ги преземе четирите случаи од Хаг, не прецизирајќи точен датум кога тоа ќе се случи. Неофицијално се говори дека тоа ќе се реализира дури по завршувањето на самитот на НАТО во Букурешт на почетокот на април.