Македонија завеана од снег
18 јануари 2017Реклама
Снежната зима и натаму ја парализира Македонија. Метеоролозите за денеска и утре најавуваат нови врнежи. Во повеќе градови, движењето на возилата и граѓаните е отежнато поради непроодните улици и тротоари. На магистралните и регионалните патишта сообраќајот се одвива со застои. На неколку планински премини забрането е движењето на тешки товарни возила.