1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија за Северна Македонија

ЕМФ
12 јануари 2019

Гласањето за уставните измени во македонското Собрание е вест која ја пренесуваат најголемиот дел од германските електронски и печатени медиуми. Притоа се обрнува внимание на она што претстои во Грција.

Parlament in Skopje Mazedonien Umbenennung zu Republik Nordmazedonien
Македонскиот премиер Заев ги поздравува новинарите во собраниската сала по гласањето за уставните измени (11.01.2019)Фотографија: Reuters/T. Georgiev

Медиумите на германски јазик опширно известуваат за вчерашната седница на македонското Собрание и го пренесуваат честитките кои на адреса на Скопје доаѓаат од Европа и светот. Притоа, не се заборава да се потенцира дека сега за Договорот од Преспа своето треба да го каже и парламентот во Атина.

Во текстот со наслов „Македонија за Северна Македонија“, весникот „Зиддојче цајтунг“ констатира дека „македонскиот парламент отстрани голема пречка на патот на земјата кон членство во НАТО и Европската унија“:

„Во петокот вечерта пратениците, на гласањето кое беше до крај неизвесно, со неопходното двотретинско мнозинство гласови се изјаснија за промена на државното име во Северна Македонија. Тоа е предуслов за Грција да се откаже од својата блокада против западната интеграција на малата балканска држава. Нареден чекор е со просто мнозинство за тоа да гласа уште и парламентот во Атина. Историското гласање за македонската страна значи ставање крај на деценискиот спор“, пишува меѓу другото „Зиддојче цајтунг“.

Повеќе: Берлин со итна реакција по одлуката за уставните измени

„Тагесшпигел“ освен информацијата за одлуката во македонското Собрание и кусото објаснување на спорот за името, се концентрира и на честитките кои пристигнуваат на адреса на Скопје, меѓу нив и онаа на грчкиот премиер:

„Ципрас му честиташе на Заев по историското гласање. Во парламентот во Атина неговата коалиција располага со тесно мнозинство од 153 од вкупно 30о пратенички места. Неговиот помал партнер, малата деснопопулистичка партија Независни Грци (Анел), која на функцијата министер за одбрана го има Панос Каменос, би можела да се скара со Сириза поради македонското прашање. Каменос дури се закани и со оставка. Меѓутоа, за гласањето е неопходно просто мнозинство, па набљудувачите проценуваат дека Ципрас може да биде сигурен благодарение на гласовите на повеќе опозициски политичари“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми