1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија на дневен ред на состанокот на НАТО министрите

БГ
6 декември 2017

На првиот ден од состанокот, министрите за надворешни работи на НАТО одлучија да ја зајакнат соработката со ЕУ преку подобрување на воената мобилност, борбата против тероризмот и промоција на улогата на жените.

Belgien EU-Außenministertreffen in Brüssel
Фотографија: Reuters/Pool/V. Mayo

Соработката меѓу НАТО и ЕУ беше една од главните теми на состанокот во Брисел, на која се дискутираше и за Северна Кореја и Русија.

„Разговараме за соработка меѓу НАТО и ЕУ на ново ниво“, изјави генералниот секретар на воената алијанса, Јенс Столтенберг. НАТО и ЕУ договорија 32 мерки кои треба да ја продлабочат соработката, меѓудругото, и преку реализирање на планот за побрзо движење на воениот персонал и опрема низ Европа. Првата дипломатка на ЕУ, Федерика Могерини изјави дека последните одлуки за зајакнување на одбраната и безбедноста на ниво на ЕУ не значи дека ЕУ „станува воена алијанса“, туку целта е комплементарност со НАТО и зајакнување на капацитетите на ЕУ.

Пред состанокот, американскиот државен секретар Рекс Тилерсон се сретна со своите колеги од ЕУ и ја потврди поддршката на неговата земја за „долгорочното“ партнерство со Унијата и постигнување на заедничките цели за глобалната сигурност. 

Повеќе на темата: 

Македонија се надева на паралелни преговори со ЕУ и со Грција

Србија и Русија нервозни поради македонските аспирации за НАТО

Коѕијас: Влезот на Македонија во НАТО е добар и за Грција

Могерини и Тилерсон разговарале за состојбата на Блискиот исток, иранскиот нуклеарен договор, конфликтот во Сирија и за ЕУ аспирациите на земјите од Западниот Балкан.

Денеска, на вториот ден од состанокот, дебатата ќе се фокусира на можното проширување на НАТО со Македонија, Грузија и Босна и Херцеговина.

Тилерсон и Могерини разговарале за ЕУ аспирациите на земјите од Западниот БалканФотографија: picture alliance/dpa/AP Photo/V. Mayo

Македонскиот премиер Зоран Заев во неколку наврати изјавуваше дека очекува Македонија да стане 30 земја-членка на НАТО. Клучно во тој поглед останува надминувањето на спорот за името со Грција. „Веруваме дека тоа е многу важно, и дека преку инклузивен пристап дома, и со градење на позитивна атмосфера на добрососедство и соработка со Република Грција. Оттаму, со право очекуваме Република Македонија да биде 30-тата членка на Алијансата, и ќе работиме на таа цел“, повтори Заев минатата недела на состанокот на земјите од Јадранската повелба со претставникот на САД, Лори Купер.

Заев денеска во Брисел се среќава со претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер, со шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини, како и со претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми