1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Северна Македонија заслужи преговори со ЕУ

8 септември 2021

Во коментар по повод 30-годишнината од независноста, професорот Улф Брунбауер објаснува зошто земјата конечно заслужи да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

Улф Брунбауер
Професор д-р Улф Брунбауер е австриски историчар и директор на Лајбниц Институтот за Источна и Југоисточна ЕвропаФотографија: Anna Perezolova

Северна Македонија слави 30 години независност на 8 септември. Во изминатиот период, општеството и политиката постигнаа неверојатни работи, иако земјата, како ретко кој во регионот, мора да се бори против апсурдниот отпор кој доаѓа и од ЕУ: Бугарија се спротивставува на преговорите за пристапување во ЕУ, бидејќи не сака да ја признае историската независност на македонската нација. Затоа, крајно време е успешната приказна на Северна Македонија да се донесе до среќен крај со пристапување во Европската унија.

Во Франција постои салатата Macédoine подготвена од свежо и варено овошје и зеленчук - задоволство кое живее од својата разновидност. На многу начини, Северна Македонија - преку својата мултиетничка и верска разновидност, нејзината архитектура и природа, но и нејзината комплицирана, контроверзна историја и контрадикторен општествен развој - ја отсликува балканската разновидност. Граѓаните на последните избори јасно ставија до знаење дека не само што сакаат да ја зачуваат оваа разновидност, туку и дека сакаат да ја донесат во ЕУ. 

Фантомската болка на Бугарија 

Политиката и општеството во Северна Македонија во изминатите 30 години од независноста покажаа неверојатна отпорност. Токму поради сѐ уште тешката економска состојба и активностите на антидемократските сили однадвор - Русија, Турција, Србија, но и Унгарија - на Балканот, една реална ЕУ перспектива е уште поважна, особено доколку Северна Македонија „лиферува“. 
Фактот што Бугарија, како земја што се претставува како најголем пријател на Северна Македонија и како сосед кој треба да има витален интерес од брзото членство во ЕУ, го блокира тоа, е повеќе од иронија. 

Сето тоа може да се претвори во трагедија, не само за Северна Македонија, туку и за и онака веќе распуканиот имиџ на ЕУ на Западниот Балкан, каде што луѓето се гледаат себеси заробени во вечната чекалница и малтретирани од постојани нови барања. Изгледите за членство во ЕУ на крајот се единствениот ефективен инструмент за надворешната политика на ЕУ – а токму тој сега е блокиран од држава како Бугарија, која ни самата во моментов не е во состојба да формира влада, но веќе 100 години страда од македонска фантомска болка.  

Професор д-р Улф Брунбауер е австриски историчар и директор на Лајбниц Институтот за Источна и Југоисточна Европа на Универзитетот Регензбург, Германија.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми