1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: 30 години независност

8 септември 2021

Северна Македонија денеска одбележува 30 години независност.

Nordmazedonien, Skopje: Mazedonien Namensänderung
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Perkovksi

Резултатите од референдумското изјаснување на 8 септември 1991 година јасно и недвосмислено ја покажаа волјата на мнозинството граѓани да живеат во сопствена држава.

Јубилејот - 30 години независност денеска ќе се одбележи со церемонијална државна манифестација пред Собранието. Прославата ќе биде збогатена со музичка програма и дефиле на независноста, во кое ќе учествуваат ансамбли и културно-уметнички друштва, рудари, земјоделци, волонтери на Црвениот крст, извидници, здравствени работници, спортисти, пожарникари, припадници на полицијата и армијата... Свои обраќања ќе имаат шефот на државата и премиерот, како и видео обраќање на претседателот на Собранието. Владата пред една недела одржа свечена седница посветена на 30-годишнината од независноста на државата.

По повод трите децении независност, претседателот Стево Пендаровски денеска со орден „8 Септември“ ќе ги одликува Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско собрание, како и пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми