1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија- новата тврдина против бегалците

Георг Матес/бг4 февруари 2016

Македонија се повеќе служи како европска брана за запирање на бранот бегалци кои од Грција се упатуваат кон северна Европа. Камерата на Дојче Веле ги бележи приказните на овие луѓе

Фотографија: DW/P. Zafiropoulos

Ова се првите, мали чекори на еден долг пат- почетокот на западнобалканската рута во Македонија. На голем студ доаѓаат бегалците од Грција, водени од стравот дека границите по должината на рутата наскоро можат да бидат затворени. Многумина се среќни што ја остават Грција зад себе.

„Во кампот беше многу лошо. Нема храна, студено е. Ни рекоа дека има некои куќи како оваа, но немаше греење. Таму минавме 48 часа и потоа ни дадоа документи за да продолжиме кон Европа“, вели овој бегалец од Ирак.

Целото видео можете да го погледнете на следниот линк:

Македонија- новата тврдина против бегалците

03:38

This browser does not support the video element.

Но таков документ во моментов добиваат само ирачани, сиријци и авганистанци- сите останати стојат пред оградата од бодликава жица која ја обезбеди Унгарија. Ноќе многу мигранти се обидуваат да ја минат границата, како овие двајца Либијци. Цели 30 дена ја минувале Македонија пеш, за на крајот да бидат уапсени на српската граница.

„Еден мој пријател се обиде да мине низ шумата, но го фатија“, вели еден од нив.

Самир од Алепо подобро се снашол. За 25 евра со воз за неколку часа стигнал до српската граница. Сириецот сака во Германија- така пишува и во неговиот документ кој го добил во Грција. Тој документ му овозможува да ги минува контролните пунктови до Србија без проблем.

„Некои луѓе немаат добар документ. Самите ги прават. Им плаќаат на фалсификатори за тоа. Некои беа фатени, некои не“, вели Самир.

Македонија е сиромашна и етнички и политички поделена земја. Но, идејата од оваа балканска држава да се направи тврдина против бегалскиот бран, не наоѓа на отпор во Скопје. Некои политичари се надеваат дека ќе профитираат од тоа. Државата сака во ЕУ и се нуди да го запре бегалскиот наплив од Грција. Анастасија Илиеска, од македонското МВР вели дека Владата се уште размислува дали да дозволи затворање на границата, доколку ЕУ тоа го побара.

„Бараме од ЕУ да ги покрие трошоците бидејќи со нашиот мал буџет тешко е да се менаџираат сите трошоци кои произлегуваат од кризата“, вели Илиеска.

Таков план може да доведе само до хуманитарна катастрофа, вели Јасмин Реџепи. Притоа, затворените граници само ќе го пренасочат бегалскиот бран. Тоа ќе биде подарок за криумчарите. Минатата година веќе беа откриени повеќе шверцерски кампови.

„Имаше луѓе во куќи, во една куќа 100 мигранти беа држени како заложници и тепани секој ден, за да изнудат пари од нивните семејства и да бидат префрлени во Србија“, вели Реџепи од организацијата „Легис“.

На македонско-грчката граница во меѓувреме пристигнаа нови групи. Се бараат топли обувки кои ќе ги подготват бегалците за европската зима и за следната етапа- Западнобалканската рута.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми