1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија носечки партнер во европскиот Проект за Тито

Силвера Падори27 август 2006

Културните дејци, уметниците, музичарите, актерите, филмаџиите отсекогаш се сметале за најдобри и вистински амбасадори кои ја претставуваат културата на земјата од каде доагаат. Со ваквиот испробан рецепт од завчера се претставува и Македонија чии денови на култура стартуваа во Хамбуршки Кампнагел. Тука идниот мај ќе биде презентиран најновиот и најамбициозен европски Проект за Тито во кој македонските

сценски уметници имаат носечка улога

Нема човек што пристигнал во Хамбург, а не чул за Кампнагел, некогашните фабрички хали кои сега функционираат како театар, галерија, кино, локација каде се одвиваат фестивали, се презентираат изложби и се случуваат најразлични други спектакли. Во делот од партерот кој целосно се вклопува во дефиницијата за простор: нагоре високо - отстрана широко, се изложени 18 те дела на триесеттината македонски автори со чија изложба насловена како “Уметникот во разгиовор” стартуваа Деновите на македонската култура во Германија. Кураторот Дејан Вилиќ вели дека бројот на авторите серизно ја наметнува размислата дека на македонската ликовна сцена се применуваат новите методолошки постапки во уметничките облици кои се потполно компатибилни со светските струења. Изложеното, не е најдоброто, туку само еден дел од комплексната, рановидна и богата македонска уметничка сцена од последните 5 до 7 години.

Светските трендови во чекор ги следат Јован Шумковски, Вана Урошевиќ, Методи Ангелов, групата ОПА, Станко Павлески. Борис Шемов, Симон Узујновски, Славица Јанешлиева...

"Најголем впечаток ми оставија овие големи фотографии на 12 те сребрени војници...." вели историчарот на уметноста во пензија Удо Рејхел, еден од ретките посетители на отворањето на изложбата кој застанат пред црно-белите фотографии на воините на Роберт Јанкулоски кажува дека бил љубопитен да види какво сликарство и воиопшто култура има малата земја од Балканот,

"До сега имав прилика да видам театарска претстава од Македонија, а и еднаш бев во Скопје, така што посебно сум заинтересиран да дознам повеќе за оваа витална држава и нејзината уметност и култура - кажува и Хони Дорман, новинар кој е посебно заинтерсиран за претставата "Тимон од Атина" на Народниот тетар од Битола, Турскиот театар од Скопје и Театарот од Фиренца.
Инаку, соработката мегу македонските театарски работници и германскиот Кампнагел од поодамна постои, но допрва ќе го има својот зенит.Станува збор за најамбициозниот европски театарски проект насловен како Тито. Режисерот Бранко Брезовац вели дека станува збор за низа од 8 претстави, од кои носечката ќе биде токму македонската. Поранешниот министер за култура Благоја Стефановски, вели дека македонскиот дел ќе го работат тројца млади режисери од Битола: Дејан Дамјановски, Филип Кочовски и дејан Пројковски. Ќе учествуваат и актери од битолскиот тетар, балетот и операта на МНТ.Текстот го изготви Слободан Шнајдер. За проектот се одобрени и средства од Европскиот совет, а ќе го кофинансираат и други институции. Вклучени се и тетарот од Љубљана, од Црна Гора, од Индија... секаде каде што Тито патувал и каде што најразлични автори за него пишувале. Со оглед на проектот не ќе работат самоп тетари од стариот континент, туку и од Индија, Египет, Русија, проектот Тито има и една воневропска димензија.

"Мислам дека темата заслужува внимание. Тоа е еден критички пристап, гледишта од различни страни на она што го направи Тито, неговото дело, идеите, амбициите, утопиите, третиот свет и денешнината" - појаснува Брезовац.

Главната улога најверојатно ќе му биде доверена на Раде Шербеција, додека Јованка ќе ја толкува Милена Дравиќ. Инаку, пробите треба да започнат во првата половина од џсептември, а премиерата ќе биде во мај наредната година во Кампнагел.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми