1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија повторно се гуши во канцерогени честички

БГ
24 ноември 2017

Мерните станици во повеќе општини во Македонија денеска регистрирале зголемено загадување на воздухот, и особено висока застапеност на ПМ10 честички.

Mazedonien - Proteste in Skopje
Фотографија: MIA

Податоци од мерните станици на социјалните мрежи и драматични наслови во медиумите денеска алармираат за драматично зголемена загаденост на воздухот во Македонија. Според податоците, мерните станици во повеќе општини во Скопје, како и во Битола, Кичево, Тетово, Велес и Кавадарци евидентирале висока застапеност на ПМ10 честички во воздухот. 

Повеќе на оваа тема:

- Што треба да знае Петре Шилегов

- Високата загаденост во Македонија убива

- ПМ честичките не се видливи, одговорноста-да!

- Граѓаните се гушат, надлежните спијат

Што се ПМ10 честички?
- Нашата атмосфера, освен со гасовити загадувачи, може да биде загадена и од честички. Овие честички можат да бидат во флуидна или тврда состојба, имаат различна композиција и големина и неретко се нарекуваат аеросоли. Честопати се каталогизираат како „лебдечка прашина“, но најдобро се познати под името микроскопски честички ПМ. Светската здравствена организација ги смета ПМ честичките за канцерогени и се чести предизвикувачи на рак на бели дробови.
Честичките како ПМ10; ПМ2,5; ПМ1 и ПМ0,1 се дефинираат според аеродинамичниот дијаметар, кој во конкретниот случај се мери во микрометри. Еден микрометар е големина еднаква на еден милионити дел од метар.

Задушени Скопјани бараат итни мерки

02:08

This browser does not support the video element.

Македонија- рекордер во загаденост

Светска банка со години предупредува дека загадувањето на воздухот во Македонија е едно од најголемите во Европа. Земјата е неславен рекордер и кога станува збор за изложеноста на граѓаните на загаденост на воздухот со цврсти ПМ честички. Црната статистика вели дека годишно над 1.300 смртни случаи се последица на загадувањето на воздухот, а постојано расте и бројот на оние на кои им е потребно соодветно лекување.

Концентрацијата на ПМ10 и ПМ2,5 честички во воздухот во Македонија особено драматично се зголемува во зимските месеци и далеку ги надминува граници на нормалност. Изворите на загадувањето најчесто се лоцираат во металуршката индустрија, затоплувањето на домовите и производството на енергија, додека во Скопје најголем удел имаат сообраќајот, согорувањето на биомаса и индустријата.

Стандардите за квалитет на воздухот и здравјето на ЕУ наведуваат дека дозволената концентрација на ПМ10 честички во воздухот не смее да надмине 40 микрограми на годишни ниво, односно 50 микрограми во период од 24 часа. Дозволеното надминување на оваа граница во рамките на 24 часа е 35 микрограми, односно севкупно 85 микрограми.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми