1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија „светла“ демократска точка во 2018 година

БГ
11 април 2018

Според Фридом Хаус, промената на власта во Македонија отворило шанса за враќање на државата во нормала и решавање на проблемите со соседите.

Mazedonien Bunte Revolution von Aleksandar Kondev
Фотографија: Aleksandar Kondev

Македонија е единствената држава на Балканот чија демократија напредувала во последната година, оценува организацијата Фридом Хаус во денеска објавениот извештај.
„Демократијата се подобруваше на Балканот од 2005 до 2010 година, но сега назадува, со единствен исклучок на Македонија по ветувачката промена на владата“, се наведува во есејот кој ги анализира заклучовите на годишниот извештај.

Фридом Хаус ја оценува Македонија за една од „светлите точки“ во светот во однос на демократскиот развој. Земјата за првпат бележи напредок од 2010 година.
„Светлите точки годинава се Македонија, Узбекистан и Естонија. Промената на владата во Македонија во јуни отвори шанса да се смени долгогодишната заробеност на државата и да се решат споровите со соседите“, се наведува во извешајот.
Сепак, земјата и натаму останува со лоши оценки во речиси сите сегменти, а најпроблематични се слободата на медиумите, националното демократско владеење, правната рамка и независноста (на судството, н.з.), како и корупцијата.
Во регионот, Србија бележи назадување веќе четврта година по ред, и опасно се приближува до статусот на „консолидиран автократски режим“. Рекордери, сепак, се Полска и Унгарија кои бележат најголемо назадување во квалитетот на демократијата.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми