1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сочуство од македонските политичари по нападите во Ница

БГ15 јули 2016

Македонскиот претседател Иванов, премиерот Димитриев и други водечки политичари изразија сочуство до Франција по терористичките напади во Ница.

Фотографија: Reuters/M. Rossi

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов во пораката до шефот на француската држава Франсоа Оланд го оценува терористичкиот напад како „грозоморен и антицивилизациски чин“ и изразува солидарност со Франција.

„Со шок и огорченост ја примив веста за терористичкиот напад во Ница, во кој животот го загубија голем број на невини лица и каде има голем број на повредени. Во овие тешки мигови на тага на пријателскиот народ на Француската Република, дозволете ми да изразам сочувство на семејствата на жртвите на овој грозоморен и антицивилизациски чин, а на повредените да им посакам брзо закрепнување“, се наведува во писмото. Иванов понатаму повикува на „заедништво, максимална соработка и одлучност во борбата против сите оние сили кои преку насилство и терор сакаат да внесат страв и омраза, притоа уништувајќи ги сите цивилизациски придобивки кои генерациите зад нас истрајно ги создавале“.

Ѓорге ИвановФотографија: picture-alliance/AP Photo/B. Grdanoski

Премиерот Емил Димитриев во сочуството оценува дека „извршувањето на терористичкиот напад на Денот на Бастиља е обид за сквернавење на духот на Француската Република и на вредностите на кои се темели истата“.

„Овие вредности се основ на државното и општествено уредување на бројни земји во светот и оттука е неопходно сите да покажеме солидарност со францускиот народ“, порачува Димитриев.

Сочуство до францускиот претседател Оланд и премиерот Мануел Валс испратија и лидерите на двете најголемите политички партии во земјата, ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и СДСМ Зоран Заев.

„Најостро го осудуваме кукавичкиот чин во Ница, во кој што настрадаа граѓани кои на улиците на градот ја славеа слободата и еднаквоста, во чест на националниот празник на Франција, 14 јули.

Да се посегне по терористистички акт, какви што се првичните оценки, врз мирољубиви граѓани определени кон овие врвни демократски и цивилизациски придобивки, е уште еден ужасен аларм какво грозоморно зло е тероризмот кој не познава националност и вера туку е атак врз човештвото“, се наведува во сочуството на Заев.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми