1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов срам за С. Македонија: Роми измачувани во затвор

БГ /МИА
12 февруари 2021

С. Македонија ќе плати вкупно 24.000 евра на семејствата на двajцa мажи Роми кои починаа под сомнителни околности додека беа во затвор во 2017 година, соопшти Европскиот центар за правата на Ромите.

Nord-Mazedonien Gefängnis Idrizovo in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski

Северна Македонија избегна судска пресуда во Судот во Стразбур, но повторно е ставена на столбот на срамот поради обвинувања за тортура кон граѓаните Роми. Владата спогодбено ќе им исплати отштета на семејствата на две лица кои починале под сомнителни околности во затворите низ државата.

Андриас Реџепов, 21-годишен Ром, починал во затворот Идризово, Скопје, на 11 март 2017 година. Од ЕЦПР наведуваат дека било известено оти умрел од предозирање со метадон иако не бил зависник од дрога. Постојат докази дека во часовите пред неговата смрт Реџепов бил изложен на тортура. Неговите родители ќе добијат отштета од 6.000 евра поединечно.

25-годишниот Јусинов Ердал починал на 22 март 2017 година во затворот КПД Штип откако во часовите пред неговата смрт не му била обезбедена медицинска нега. Јусинов бил женет и татко на 3-годишно момче и 1-годишно девојче. И во овој случај постојат наводи дека бил малтретиран од страна на затворските чувари и лекари. Неговата сестра ќе добие отштета од 12.000 евра. 

Протести против дискриминацијата на Ромите во Скопје, 2015 година. Фотографија: Petr Stojanovski

Од ЕЦПР велат дека овие смртни случаи се дел од серија на четири сомнителни смртни случаи на затвореници Роми во период од 9 месеци во 2017 година, во неколку затворски установи ширум Северна Македонија. Во Северна Македонија, велат од таму, шемата на смртни случаи кои вклучуваат предозирање со дрога и наводи за малтретирање се одвива неколку години наназад за којашто ЕЦПР поведе судски постапки уште во 2010 година.

„Цела Северна Македонија треба да го смета секој од овие трагични смртни случаи како срам за нивната земја. Ова е трет случај во последните години во којшто ЕЦПР ја тужеше Северна Македонија и обезбеди илјадници евра како компензација за семејствата на починатите – и ќе продолжи да ги истражува сите случаи на сомнителна смрт и да презема правни дејствија ако властите одбиваат да преземат одговорност за нивните пропусти. Од 2017 година, ваквите грешки ги чинеа македонските даночни обврзници повеќе од 33.000 евра во исплатени штети, а ЕЦПР има и други случаи кои чекаат разрешница. Ова треба да биде порака за одговорните дека институционалната дискриминација е скапа, а ние ќе се осигуриме таа скапо да ве чини“, изјави претседателот на ЕЦПР, Ѓорѓе Јовановиќ.

Несиме - ромската хероина од Прилеп

04:28

This browser does not support the video element.

Иако пријателска спогодба значи дека нема да се донесе пресуда за осуда на надлежните власти во Северна Македонија, наведуваат од ЕЦПР, исплатата на оштета во ваков износ во одредена мера ја адресира сериозноста на човековите права што беа повредени и може да се смета како премолчено признание на вина од страна на Владата на Северна Македонија. 

Случајот на EЦПР во врска со сомнителната смрт на уште еден граѓанин, 39-годишниот Беким Демир, се' уште чека разрешница пред ЕСЧП.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми