Македонија чека шанса за бронзен медал
16 септември 2011Првото полувреме на натпреварот македонските кошаркари водеа изедначена борба со репрезентацијата на Шпанија и дури на паузата пред вториот дел отидоа со предност од еден поен, 45 спрема 44.
Во вториот дел од играта Шпанците ја презедоа иницијативата. Пресудна беше нивната доминација под кошевите и при крајот на третата третина од полувремето им успеа да се одлепат со резултатот и да постигнат разлика од десетина кошеви. Најефикасен во шпанската екипа беше Хуан Карлос Наваро со постигнати 35 погодоци, потоа следеше Пау Гасол со 22.
Во македонската репрезентација најмногу кошеви постигна Бо Мекејлеб-25, а Перо Антиќ 17.
Шпанската екипа и пред натпреварот важеше за фаворит, а избраната селекција на македонскиот тренер Марин Докузовски и натаму останува најголемото изненадување на Евробаскетот.
В недела македонската репрезентација ќе се бори за бронзен медал со поразениот од вториот полуфинален натпревар меѓу Франција и Русија.
Автор: ЖА/дсф
Редактор: Жана Ацеска