Македонските градежници во странство во пад
9 август 2012Реклама
Вкупната вредност на извршените градежни работи во странство во периодот од јануари до јуни годинава изнесува 152 милиони денари, или 24,7 милиони евра, што е за 85,2 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави во четвртокот Државниот завод за статистика.
Во наведениот период, градежната оператива од Македонија во странство договорила градежни работи во вкупна вредност од околу 276 милиони денари, или 44,8 милиони евра, што е за 83,6 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Зголемен обем на извршените градежни работи на македонските градежници забележан е во Холандија и Германија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нов пазар се јавува Италија.