1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

На ревакцинација во Ниш или Врање?

ДТЗ
4 јуни 2021

Македонските и српските здравствени власти договараат отварање на пункт за ревакцинација. Граѓаните ќе можат сами да одлучат која вакцина ќе ја примат.

Nord Mazedonien Corona Impfung in Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Македонските државјани кои изминатиов период патуваат до Белград, Република Србија за да се вакцинираат наскоро се очекува да добијат шанса да се ревакцинираат во пунктови во близина на границата. Откако вчера српскиот претседател Александар Вучиќ побарал од Владата да се дозволи слободна вакцинација на македонските државјани, министерот за здравство Венко Филипче информираше дека започнал преговори за ревакцинација.

-повеќе на темата: На вакцинација во Ниш - многумина без термин и во погрешен град

Тој ја оцени како чин на добрососедство изјавата на Вучиќ, кој побарал од српската влада македонските граѓани да се имунизираат во Србија, но и самите да изберат со која вакцина тоа ќе го сторат. Филипче вели дека комуницирал со неговиот српски колега, со кој се договориле да отворат пункт за вакцинација во близина на С. Македонија.

Изминатиов период македонските граѓани се вакцинираа во Србија со вакцината на „АстраЗенека“.Фотографија: Jelena Djukic Pejic/DW

Размислувањата се имунизацијата да биде спроведена во српските пунктови во Врање или Ниш. Изминатиов период македонските граѓани се вакцинираа во Србија со вакцината на „АстраЗенека“, која што не е дозволена во С. Македонија за помлади од 60 години.

На веб-страницата за ревакцинација, која неодамна беше отворена, се пријавиле околу илјада граѓани за ревакцинација во Србија. Весникот „Блиц“ објави дека, Македонците кои ќе сакаат да се вакцинираат во соседството, ќе можат да бираат меѓу четирите вакцини кои ги има во Србија – „Фајзер“, „Синофарм“, „АстраЗенека“ и „Спутник В“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми