Македонските ракометари ја почнуваат битката за Олимпијада
6 април 2012Националниот ракометен тим во салата „Скандинавиум“ ќе биде бодрен од голема „армија“ македонски навивачи. Дел од нив тргнаа од Скопје, други ќе дојдат од државите од Европа, а најмногу ќе има Македонци кои живеат и работат во Шведска, пред се’ во Гетеборг. Се очекува најмалку половина од салата „Скандинавиум“, чиј капацитет изнесува 12.000 гледачи, да биде исполнета со македонски навивачи.
Во последните денови од подготовките во Скопје, македонската ракометна репрезентација се соочи со повреди. Поради тоа селекторот Ѕвонко Шундовски не можеше да смета на Владимир Темелков. Повреда го спречи и Митко Стоилов да конкурира за составот во репрезентацијата. Иако има повреда, сепак Наумче Мојсоски е во Гетеборг.
„Повредата е присутна, но она што е најважно е дека ќе играм. Ова се натпревари кои не смеат да се пропуштат“, вели Мојсовски.
За првиот ривал селекторот Ѕвонко Шундовски напомена дека хендикеп за Унгарците е тоа што нема да игра повредениот Ференц Иљеш, но оти сепак мора да се внимава на нивната игра и да не се дозволи некое изненадување.
По мечот Македонија – Унгарија, кој се игра во 14 часот и 45 минути, од 17 часот е вториот натпревар од оваа група Шведска – Бразил. Двете првопласирани репрезентации ќе обезбедат учество на Олимписките игри во Лондон.