1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Македонските ракометни „колоси“ ја сопреа Германија

БГ
18 јануари 2018

Ред критики, ред задоволство од избореното реми против Македонија во германските медиуми. Најдалеку оди најтиражниот весник „Билд“ кој македонските ракометари ги прикажува како „колоси“.

Kroatien Handball EM | Deutschland gegen Mazedonien
Фотографија: picture alliance/dpa/M. Skolimowska

Германија ја пропушти победата, се најчестите наслови во германскиот печат по нерешениот исход во последниот меч од групната фаза на Европското првенство во ракомет против Македонија. Повеќето медиуми во анализите се концентрираат на грешките и слабостите во нивната репрезентација. Критиките се најгласни на сметка на последниот напад, за кој се оценува дека бил лошо организиран. Германската репрезентација, при резултат 25:25, го имаше последниот напад и во последните 14 секунди можеше да го одлучи натпреварот во своја корист. Но, наместо преку центарот, како што советуваше селекторот Прокоп, бекот на Германците одлучи клучната топка да ја одигра кон десното крило Грецки, кој беше веднаш фаулиран, а времето истече.

Се потенцира и извонредната одбрана на голманот Хајнефетер, кој успеа да го сопре ударот на Стојанче Стоилов на 20 секунди пред крајот на мечот.

Таблоидот „Билд“ и онлајн изданието на магазинот „Шпигел“ се меѓу ретките кои, се чини, се сепак задоволни од исходот, и признаваат дека Македонија била поблиску до победата. 

„Билд“ уште во насловот констатира „Македонските колоси ги сопреа нашите 'лоши момчиња'“. Во извештаите на повеќе медиуми се потенцира дека тактиката на македонскиот селектор Раул Гонзалес ги изненадила Германците, а тоа го признаваат и водечките луѓе на германската репрезентација. Гонзалес одлучи мечот да го започне со играч повеќе во нападот, правејќи замена на голманот со втор пикер. Тоа ѝ донесе и предност на Македонија во првата половина од првото полувреме.

„Македонија- водена од шпанскиот топ-тренер Раул Гонзалес, кој е тренер и на европскиот првак Вардар од Скопје - уште од првата минута тргна ризично. Тимот во напад играше без голман и со седум играчи во поле“, наведува „Шпигел“. Посебен простор „Шпигел“ му посветува на „вечниот Лазаров“.

„Тој има 37 години и сѐ уште е светска класа. Колку е квалитетен македонскиот стрелец, Кирил Лазаров покажа повеќепати, и како разигрувач“, пишува „Шпигел“. Притоа се споменува акцијата со Георгиевски и двојниот цепелин во петтата минута од мечот, која магазинот ја прогласува за најдобра на мечот.

Ракометниот дуел беше и главна тема на социјалните мрежи во Германија, а хаштагот #GERMKD долго време беше прв на листата на Твитер-трендови.

Прославениот германски репрезентативец и спортски коментатор Штефан Кречмар на својот Твитер-профил оцени дека голманот Силвио Хајнефетер ѝ спасил бод на германската репрезентација со извонредната одбрана во последниот напад на Македонците.

„Респект за Македонија. Одиграа многу паметно“, напиша Кречмар.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми