1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонски панк-рок во Берлин

БГ4 мај 2016

Најава за гостување на македонскиот панкрок бенд „Бернајс Пропаганда“ во Берлин денеска објавува весникот Тагесцајтунг, како и неколку локални младински списанија во главниот град.

Фотографија: picture-alliance/Eibner-Presse

Според ТАЦ, гостувањето на „Бернајс Пропаганда“ на љубителите на музиката им нуди комбинација од електронски New Wave следен од ритам машини, електроника од 90-те години и социјално-критични текстови.

„Пост-панк бендот потекнува од македонскиот главен град Скопје, а во својот четврти албум „Политика“ го коментира модерното живеење и вечниот проблем со демократијата“, пишува ТАЦ.

На концертот во Берлин, македонскиот бенд ќе биде придружуван од израелски панк бенд од Тел Авив.

Најава за гостувањето на бендот објавуваат и специјализираната страница на Слободниот универзитет во Берлин, како и други локални младински медиуми.

„Политички ангажираниот македонски пост-панк бенд Бернајс Пропаганда се враќа со новиот албум 'Политика'“, се наведува во текстот. Бендот доживеа преродба во 2015 година, откако го замени тапанарот со машина. Сега ги краси непогрешлива бас линија, над која наслагите од гласни и дисхармонични гитарски акорди прават место за неверојатен женски глас кој извикува социјално ангажирани стихови. Бернајс Пропаганда ве повикуваат на политички ангажиран танц“, се наведува во најавата за концертот.

Новиот албум на Бернајс Пропаганда, „Политика“ во Македонија беше промовиран кон крајот на март годинава со три едноподруго концерти кои се одржаа во Младинскиот културен центар.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми