1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонски фирми во Франкфурт

Мехмед Смајиќ
19 јуни 2018

Во Франкфурт е отворена четвртата по ред конференција Германска иницијатива за пронаоѓање доставувачи од државите од Западен Балкан. Таму има и македонски фирми.

Deutschland Frankfurt am Main
Фотографија: picture alliance/Arco Images GmbH

Конференцијата е резултат на Берлинскиот процес кој во 2014 година го покрена германската канцеларка Ангела Меркел со цел - стабилизација на Западниот Балкан. На конференцијата најголем број од фирмите се од Босна и Херцеговина, потоа од Србија, Хрватска, Словенија, а првпат се присутни и по три фирми од Македонија и Косово, како и една од Албанија.

Бојан Јордановски, претставник на Факом во Франкфурт, за ДВ оцени:

„Очекуваме многу“

00:50

This browser does not support the video element.

„Од овие македонско-германски средби очекуваме многу. Веќе имаме договорени состаноци со 25 компании за почеток на соработка. Ние веќе соработуваме многу со странство. Над 85% работиме за извоз, така што сакаме по овие средби да ја зголемиме соработката со германските компании. Деловната клима во Македонија и на целиот Западен Балкан во наредниот период очекуваме да оди по нагорна линија, поради инвестиции што се очекуваат во наредниот период, особено во инфраструктурата.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми