1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонското МНР упати протестна нота до Албанија и Косово

ЕМФ/миа11 јули 2014

Министерството за надворешни работи на РМ упати протестна нота до Албанија и Косово поради изнесени ставови од двете земји во врска со насилните протести во Македонија по донесување на пресудата во случајот „Монструм“.

Фотографија: DW/Aleksandar Metodijev

Протестните ноти вчера (10.07) им биле врачени на амбасадорите на Албанија и Косово во просториите на македонското МНР.

„На амбасадорите на овие две земји им беше укажано дека ставови и интерпретации со кои се доведува во прашање функционирањето на правната држава и постапувањето на судството како независна власт во Република Македонија, како и политички оценки од страна на високи политички претставници, не придонесуваат кон негување на конструктивни, позитивни, пријателски и добрососедски односи. Вакви изјави може да се протолкуваат како мешање во внатрешните работи на Република Македонија и не се во правец на јакнење на заемната доверба и добрососедство – принципи кои Република Македонија ги негува и за кои искрено се залага во билатералните односи со соседите“, соопшти Министерството по повод протестните ноти.

На амбасадорот на Република Косово му е врачена и протесна нота со која, како што соопшти МНР, најостро се осудува палењето на македонското знаме пред македонската амбасада во Приштина, со кој длабоко се навредува дигнитетот на Република Македонија. МНР очекува дека надлежните органи на Косово најитно ќе преземат соодветни мерки за пронаоѓање и казнување на сторителите.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми