1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Собранието без имотен лист

ДТЗ
27 мај 2022

Против Собранието се водат 26 судски постапки, а тужителите бараат надомест на штета од над 19 милиони денари, откриваат ревизорите. На пик се најдоа и трошоците за патарини кои се исплаќаат на пратениците.

Nordmazedonien Parlament - Sitzung am 25.03.2021
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Македонското Собрание не располага со имотен лист со утврдено право на сопственост/користење на земјиштето и објектот во кој е сместено и ги извршува своите функции. Ова е една од главните забелешки наведени во последниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за 2020 година. 

Градежниот објект во кој е сместен парламентот  е евидентиран во сметководствената евиденција на износ од 1.590.565.000 денари. Објектот е сопственост на РСМ и не е извршено запишување на правото на сопственост или користење во Агенцијата за катастар на недвижности, укажуваат ревизорите. Иста е ситуацијата и со земјиштето под Собранието, кое е  евидентирано во вонбилансната евиденција во износ од 501.588.000 денари.

Ревизорите укажуваат дека ваквата состојба не е во согласност со член 18 став 1 од Законот за користење и располагање со стварите во државна и во општинска сопственост.  Владата на РСМ со одлука може времено или трајно да ги даде на користење, со или без надоместок, но ДЗР со допис до Владата укажал дека е неопходно да се запише правото на сопственост или користење на овој имот. 

26 судски постапки против Собранието

Ревизорите во извештајот посочуваат дека е неизвесен исходот од 26 судски постапки кои се во тек, во која тужена страна е Собранието. Тужбите се поднесени по основ на нематеријална штета, повреда на личните права, незаконско разрешување од функција, работен спор и друго, во вкупен износ од 19.742.000 денари. Исходот од постапките може да има влијание на финансиските извештаи на Собранието, велат од ДЗР.

Во ревизорскиот извештај се наведува дека клучни системски слабости се отсуствата на пратеници и надоместокот на трошоци за патарини.Фотографија: Petr Stojanovski/DW

На пик трошоците за патарини

Во ревизорскиот извештај се наведува дека клучни системски слабости се доуредување на регулативата во однос на: основицата за плата на избрани и именувани лица, ангажманот на надворешни соработници, отсуствата на пратеници и надоместокот на трошоци за патарини.

Во член 31 од Законот на пратениците, во делот други лични примања и надоместоци на трошоци, уредено е дека пратениците во Собранието имаат право на надоместок за користење на автомобили во приватна сопственост за службени цели во висина од 20% од продажната цена на еден литар гориво, според изминат километар за возилото кое се користи.

Комисијата на прашања на изборите и именувањата има донесена одлука во која е уредено дека освен надоместокот за користење на автомобили во приватна сопственост за службени цели, пратениците имаат право на надоместок на трошоците за патарини. „Со увид во доставената документација и сметководствена евиденција, констатиравме дека во текот на 2020 година на пратениците исплатени им се надоместоци за користење на автомобили во приватна сопственост за службени цели во вкупен износ од 12.881.000 денари, како и надомести за трошоците за исплатени патарини во вкупен износ од 1.092.000 денари. Ваквата состојба упатува на потреба од преиспитување и усогласување на Одлука и Законот на пратениците, во делот на исплатата на надоместокот за трошоците за патарини“, укажуваат ревизорите. 

Во 2016 година за гориво биле исплатени 41.239.000 денари, додека за патарини 3.511.000 денари. Во 2018 година трошоците се намалени на 32.140.000 денари за гориво и 2.058.000 за патарини.  Намалувањето на расходите за гориво за пратениците по 2018 година се должи на намалување на законски утврдениот процент за исплата на надоместокот за користење на автомобили во лична сопственост за службени цели од 30% на 20% од продажната цена на еден литар гориво според изминатиот километар за возилото кое се користи, почнувајќи од август 2018 година, како и на намалениот број на седници во 2020 година, поради пандемијата. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми