1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонците во Албанија останаа без пратенички мандат

Вера Тодоровска24 јуни 2013

Иако беа повеќе од убедени дека на седмите парламентарни избори во Албанија ќе прокнижат историски успех, со освојување на патенички мандат, Македонците во тоа не успеаја.

Фотографија: DW/Arben Muka

Потребните 3.500 гласови за да го освои пратеничкиот мандат, д-р Валентина Нестор не ги обезбеди.

„ Не успеавме да добиеме пратеник во албанскиот парламент, што ќе значеше историски успех за нас Македонците. Сепак од добиените гласови, секаде каде што живеат Македонци сме повеќе од задоволни затоа што споредено со претходните избори гласовите се два до трипати побројни“, изјави Едмонд Темелко, градоначалник на Пустец и лидер на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција.

Партијата свои кандидатски листи имаше во сите 12 изборни единици, но најголема надеж имаше во ИЕ Корча, каде што има голема концентрација на Македонци. Носител на листата беше д-р Нестор, по потекло од Пустец а работи како лектор на Универзитетот во Тирана.

Партијата првпат учествуваше на парламентарните избори во 2009 година, додека како полиитчки субјект, по регистрацијата во Судот во Тирана, се појави на локалните избори во 2007 година.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми