1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија победи на филмски фестивал во Берлин

Л.Пицу/ЕМФ30 мај 2016

Филмот „Три дена во септември“ на режисерот Даријан Пејовски победи на Филмскиот фестивал на Југоисточна Европа во Берлин.

Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Zinken

На фестивалот СЕЕФФ, кој се разбира себеси како платформа за културна средба со Југоисточна Европа, годинава имаше филмски продукции од 15 земји. Носители на дел од останатите награди на фестивалот се:

Најдобар режисер: Сњежана Трибусон ("All the Best", Хрватска)

Најдобра актерка: Кика Георгиу (улога во филмот "Silent")

Најдобар актер: Емир Хаџихафисбеговиќ (улога во "Our everyday Life")

Инаку, македонските претставници се добитници и на наградите кои на фестивалот ги доделува International Young Jury, и тоа актерката Камка Тоциновски за улогата на Марика во филмот „Три дена од септември“, како и Даријан Пејовски за режија на истиот филм. „Три дена во септември“ е психолошки трилер кој се занимава со последиците од домашното и сексуалното насилство.

Погледнете што за ДВ вели претседателот и основач на фестивалот, Јордан Плевнеш:

Македонците најдобри на СЕЕФФ во Берлин

02:34

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми