1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Макрон бара итни реформи во ЕУ

ЖА
17 април 2018

Во својот прв говор пред Европскиот парламент, францускиот претседател апелираше за зачувување на европската демократија и предложи градовите кои примиле бегалци да добијат повеќе пари од касата на ЕУ.

Frankreich Rede Macron vor dem Europaparlament
Фотографија: Reuters/V. Kessler

Францускиот претседател предупреди дека ЕУ треба да побрза со реформите. „ До крајот на 2019. година треба да постигнеме видливи резултати“, изјави Емануел Макрон денеска во својот говор пред Европскиот парламент во Стразбур. Тој апелираше посебно на итноста на економските и реформите во монетарната унија, повторувајќи го предлогот за сопствен буџет на еврозоната, како и повеќе мерки кои ќе водат кон нејзина стабилност и конвергенција.

Макрон се заложи и за разрешување на „отровната дебата“ за разградба на правото на азил и распределбата на бегалците низ државите-членки на ЕУ. ЕУ, поради споровите околу бегалската политика, од 2016. година не успева да направи исчекор во реформата на правото на азил. Тој го поддржа германскиот предлог на градовите и општините кои примаат поголем број бегалци да им биде доделена поголема помош од ЕУ. Германската влада побара при реформата на структурните фондови на ЕУ да се зацврсти и тој критериум при доделувањето на средства.

Повеќе:

Макрон станува нова Меркел за Европа?

Францускиот претседател во ЕП повика на одбрана на „европската демократија“ против авторитарните тенденции. Според него, се заканува „еден вид граѓанска војна“, некој вид „фасцинација од либералите“, што е алузија на конфликтите во ЕУ со земји како Полска или Унгарија во врска со одржувањето на основните демократски принципи. Отстапувањето од основните европски вредности, рече Макрон, би било „најтешката грешка“ за Европа.

„Не сакам да припаѓам на генерацијата на месечари. Сакам да бидам дел од генерацијата која има цврста одлука да ја брани својата демократија. Одговорот против авторитаризмот кој од секаде нѐ опкружува, не е авторитарна демократија, туку авторитетот на демократијата“, истакна Емануел Макрон.

Со својот настап во Стразбур Макрон практично ги повтори предлозите за ЕУ-реформи, кои ги изнесе пред половина година во својот говор на парискиот универзитет Сорбона под наслов „Иднината на Европа“, а чија цел би била посилна интеграција на Европа.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми