Во првиот круг од претседателските избори во Франција, според нецелосните официјални резултати, победи независниот кандидат Емануел Макрон. Негова противкандидатка во вториот круг ќе биде ултрадесничарката Марин Ле Пен. Повеќе поразени кандидати ги повикаа своите избирачи на 7 мај да гласаат за про-европски ориентираниот Макрон.