За време на неговата посета на Русија, францускиот претседател се заложи за заеднички меѓународен пристап во решавањето на сирискиот конфликт. Тој своите големи планови ги презентираше пред големи кулиси.
Реклама
За разговорите на почетокот на неколкудневната посета на Емануел Макрон на Русија домаќинот Владимир Путин го пречека претседателот на Франција во величествената Константинова палата, во близина на неговиот роден град Санкт Петербург. Двајцата претседатели, по повеќечасовната средба, истакнаа дека сакаат потесно да ги координираат нивните напори за ставање крај на војната во Сирија.
Двете вето-сили во Советот за безбедност на Обединетите нации, Русија и Франција, притоа мислат во прв ред на процесот во Астана, инициран од Москва со Иран и Турција и т.н. „мала група“ со Франција, САД, Велика Британија, Саудиска Арабија и Јордан. Во април, Германија, исто така, за првпат учествуваше на состанокот на оваа група.
Макрон зборуваше за плановите за своевиден „координативен механизам“ меѓу Париз и Москва и рече: „Ова според мене е многу значаен чекор напред". Сепак, францускиот претседател не кажа како овој механизам треба да функционира во пракса. Тимови од двете страни ќе го оформат во следните недели, рече Макрон.
Целта е да се има „паралелна, но заедничка агенда за дискусија“ за двете групи (Астана и „малата група“) и „заедно за да се постигнат согласности кои, се надеваме, ќе го овозможат неопходното политичко решение “, рече Макрон. Тој имено веќе подолго време се залага за обединување на двата формати за разговор. Русија и Иран се важни сојузници на сириската влада на чело со Башар ал-Асад.
Заеднички напади врз три локации во Сирија
САД, Франција и Велика Британија нападнаа цели во Сирија. Американското министерство за одбрана соопшти дека акцијата била ограничена на три цели кои се доведуват во врска со хемиско оружје.
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави оти го наредил бомбардирањето со крстосувачки ракети како одговор на хемискиот напад кој го изведе „тој монструм“- како што Трамп го нарече сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/S. Walsh
Цели на нападот
Цели на нападите биле складиште, истражувачки центар и сириски капацитети за употреба на хемиско оружје. Руската војска соопшти дека западните сили испукале вкупно 103 ракети а сириската против-воздушна одбрана успеала да пресретне 71 од нив.
Британската премиерка Тереза Меј изјави оти немало алтернатива за воената акција, критикувајќи ја Русија поради неодамнешните потези во Советот на безбедност на ОН. Британците користеа авиони „Тајфун“.
Фотографија: picture alliance/AP Photo/UK Government
Пречекорена „црвената линија“
Се огласи и францускиот претседател Емануел Макрон кој рече дека ги наредил нападите затоа што десетици мажи, жени и деца беа „масакрирани со хемиско оружје“. „Црвената линија е пречекорена“, порача Макрон.
Фотографија: Reuters/Twitter/Emmanuel Macron
Остра осуда за нападите
Рускиот претседател Владимир Путин силно го осуди нападот на западните сили, кој според него за оправдување имал лажиран хемиски напад и наведе дека Русија повикува на итен состанок на Советот на безбедност на ОН „за агресивните акции на САД и на нивните сојузници во Сирија“
Фотографија: picture-alliance/dpa/M.Klimentyev
Повредени цивили
Сириската новинска агенција Сана извести дека во нападите се ранети три цивилни лица. Од кругови блиски на сириската војска се наведува оти во нападот врз складиштето за оружје во Хомс се ранети 6 војници.
Фотографија: Imago/Xinhua/A. Safarjalani
„Стихиски митинг“
Граѓаните на Дамаск, по нападите на САД, Велика Британија и Франција на Сирија, излегоа на улиците во главниот град. Во Дамаск се виореа руски знамиња, а војниците танцуваа на гласна музика на улиците.