Нови превирања во француската влада: министерот за внатрешни работи Жерар Коломб поднесе оставка. Претседателот Макрон, меѓутоа не сака да си замине неговиот долгогодишен соработник.
Реклама
Францускиот претседател Емануел Макрон ја отфрли поднесената оставка на Коломб (насловна фотографија) , објави Претседателската палата. Шефот на државата ја потврди својата доверба во министерот за внатрешни работи и побара од него да остане целосно посветен на „безбедноста на Французите“.
Коломб, министер со висока репутација во владата, на средината на септември, изненадувачки објави, дека сака да се откаже од својата функција во наредната година. 71-годишниот планира во 2020 година да се кандидира за градоначалниката функција во Лион. Пред неговото назначување за министер во мај 2017 година, Коломб помина 16 години на чело на управата на овој француски град.
Меѓутоа, по ваквата негова објава, се погласни станааа критиките на негова сметка. Опозициските конзервативци побараа итна оставка на министерот за внатрешни работи, бидејќи не ја извршува неговата функција во целост. Коломб за весникот „Фигаро“ изјави дека не сака неговото министерство да биде дестабилизирано поради неговите планови за кандидатура во Лион.
Сепак, Макрон и премиерот Едуард Филип не сакаат да прифатат итна оставка, особено откако владата мораше да биде реконструирана пред само еден месец поради оставката на популарниот министер за животна средина Николас Ило.
Коломб беше еден од првите значајни политичари кои го поддржаа Макрон во неговите претседателски аспирации и помогнаа да се воспостави неговото движење „Ен Марш“. До денес, поранешниот социјалист е близок соработник на шефот на државата.
Кој е кој на изборите во Франција
Французите бираат нов претседател на државата. Победникот не се очекува да биде познат по првиот круг на 23 април. Клучната битка ќе се води на 7 мај. Ова се главните кандидати.
Фотографија: AP
Емануел Макрон
Макрон поднесе оставка како министер за економија во август, а независната трка по претседателската функција ја започна во ноември. 39-годишниот центрист формираше и сопствено политичко движење En Marche (Напред), и се смета за реформатор. Иако никогаш не бил избран на некоја функција, анкетите му предвидуваат конечна победа.
Фотографија: Getty Images/AFP/S. Bozon
Марин Ле Пен
Лидерката на Националниот фронт усвои по умерен тон од нејзиниот татко, основачот на партијата Жан-Мари Ле Пен. Но, таа сѐ уште држи остра линија против имиграцијата, и најавува дека ќе им забрани пристап до јавното образование на децата на илегалните мигранти. Таа сака да ја повлече Франција од еврозоната и да свика референдум за членството во ЕУ.
Фотографија: Reuters/P. Rossignol
Франсоа Фијон
Изненадувачки победник на внатрепартиската трка кај Републиканците. Социјално конзервативниот Фијон ги претставува интересите на француската католичка средна класа. Почитувач на делото на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер, тој поддржува либерална економска политика. Повеќе скандали му го отежнуваат успехот во кампањата.
Фотографија: Reuters/P. Wojazer
Беноа Хамон
Во пресметката со поранешниот премиер Мануел Валс во Социјалистичката партија, Хамон беше полевичарски настроен. 49-годишниот политичар поддржува минимална плата и ветува намалување на работната недела. Се залага и за зголемени инвестиции во обновливи извори на енергија. Ќе има тешка задача затоа што многу социјалисти веќе му изразија поддршка на Макрон.
Фотографија: Reuters/P. Wojazer
Жан-Лик Меланшон
Кандидатот на Партијата на Левицата заврши на четврто место на претседателските избори во 2012 година. Меланшон е актуелен пратеник во Европскиот парламент и верува дека економскиот либерализам на ЕУ ја уништува Франција. Со поддршка од Комунистичката партија, Меланшон ветува скратена работна недела и заштита на климата.